Достапни линкови

Вести

Талибанците ги повикаа САД да го почитуваат договореното во Катар

Американски војници во Авганистан. Илустрација.
Американски војници во Авганистан. Илустрација.

Талибанците ги повикаа САД да го почитуваат договорот според кој сите странски сили треба да го напуштат Авганистан до мај 2021 година во замена за безбедносни гаранции од милитантната група.

Во отвореното писмо упатено до американскиот народ, милитантната група го повика Вашингтон да остане целосно посветен на договорот што беше постигнат во Катар пред една година и го отвори патот за тековните мировни разговори.

„Ја повикуваме американската страна да остане посветена на целосното спроведување на овој договор. Одговорност и интерес е на сите да се стави крај на оваа војна, а спроведувањето на договорот во Доха е најефективниот начин да се стави крај“, се вели во писмото потпишано од заменик-лидерот на групата Мула Абдул Гани Барадар.

Администрацијата на претседателот Џо Бајден изјави дека го разгледува договорот меѓу САД и Талибанците за да утврди дали милитантната група ги исполнува своите заложби, вклучително и постигнување на примирје и вклучување во значајни преговори со авганистанската влада.

И покрај започнувањето на мировните разговори меѓу преговарачите на Авганистан и талибанците во септември 2020 година, насилството продолжи во земјата. Пентагон минатиот месец ги обвини талибанците дека не ги исполнуваат своите ветувања за намалување на насилството и откажување од нивните врски со Ал-Каеда.

види ги сите денешни вести

Италија ја казни американската фирма ОпенАИ со 15 милиони евра

Илустрација
Илустрација

Американската компанија ОпенАи ( OpenAI) доби казна од 15 милиони евра од италијанската агенција за заштита на податоците. Поводот за казната е завршената истрага, во која Агенцијата заклучила дека популарниот чет-бот ChatGPT кој е во сопственост на оваа компанија за вештачка интелегенција собира лични податоци од корисниците.

Агенцијата уврдила дека американската компанија ги користела личните податоци на корисниците за обука на ChatGPT „без соодветна правна основа“ и со тоа ги прекршила принципите на транспарентност, нанесувајќи штета на корисниците.

Американската компанија ја оцени одлуката на италијанската агенција како „диспропорционална“ и најави жалба.

„Во 2023 година, кога ни наредија да го прекинеме работењето на ChatGPT во Италија, соработувавме со нив за да го обновиме неговото функционирање еден месец подоцна. Потоа го признаа нашиот водечки пристап во индустријата за заштита на податоци при користење на вештачка интелигенција, но сепак, оваа казна е 20 пати поголема од приходите што ги остваривме во Италија за релевантниот период“, се вели во соопштението на американската компанија.

Во него е посоечно дека компанијата ќе продолжи да соработува со надлежните органи во светот за да нуди корисна вештачка интелигенција која ги почитува правилата за приватност.

Истрагата, која започната минатата година, утврдила и дека OpenAI нема соодветен систем за проверка на возраста на корисниците, што овозможува деца помали од 13 години да бидат изложени на несоодветни содржини генерирани од вештачката интелигенција.

Агенцијата му наложи на OpenAI да спроведе шестмесечна информативна кампања во различни италијански медиуми за да ја информира јавноста за тоа како функционира ChatGPT, особено во врска со собирањето податоци.

Популарноста на генеративните системи за вештачка интелигенција, како чет-ботот ChatGPT, привлече внимание од регулаторните тела ширум светот.

Регулаторите во САД и Европа спроведуваат истраги за OpenAI и други компании кои одиграа клучна улога во „бумот“ на вештачката интелигенција, додека владите ширум светот работат на правила за заштита од ризиците што ги носат овие системи, јавува новинската агенција Асошиетет прес.

Двајца Македонци уапсени на бугарска граница за шверц на 137 килограми марихуана

Бугарски цариници пронашле 137 килограми марихуана во два камиони со македонски регистарски таблички
Бугарски цариници пронашле 137 килограми марихуана во два камиони со македонски регистарски таблички

Во два камиони со руда наменети за Турција, двајца македонски државјани пробале да пренесат 137 килограми марихуана на бугарска граница. Бугарската гранична полиција соопшти дека на преминот Ѓуешево, најголемиот граничен премин на македонско- бугарската граница на планината Осогово, биле сопрени два камиони со македонски регистарски таблички.

Според соошшението од бугарската царина, на 18 декември годинава, камионите официјално превезувале руда до Турција. Марихуаната била пронајдена при темелен царински преглед.

„Во приколката од втората композиција пронајдени се специјално прилагодени скривалишта - шуплини во дрвени попречни штици (хоризонтални странични прегради). Пронашле 320 пакетчиња со наркотичната супстанца - марихуана. Вкупната тежина на предметот на кривичното дело е 137.045 кг“, е наведено во соопштението од бугарската царина.

Обвинителството во Ќустендил отвори предистражна постапка за нелегална трговија со дрога против македонските државјани со иницијали. Нив им е одреден притвор од 72 часа, додека се чека одлуката од Судот за определување на мерка притвор.

Австриец уапсен на хрватска граница при обид да „прошверцува“ почината 83- годишна жена

Хрватска гранична полиција, архивска фотографија
Хрватска гранична полиција, архивска фотографија

Хрватските власти уапсија австриски државјанин под сомнение дека се обидел да прошверцува почината жена. Тој бил запрен на граничен премин со мртва жена која била сместена на совозачкото седиште во неговиот автомобил, соопшти полицијата во вторникот.

„65-годишниот маж беше запрен на граничниот премин Гуња со Босна и Херцеговина кон крајот на ноември, откако приложи патни исправи за себе и за друг патник“, беше наведено во полициското соопштение.

Полицајците се посомневале откако забележале дека патничката „не била свесна и не комуницирала“. Полицијата повикала судски вештак на местото на настанот, кој констатирал дека сопатничката е мртва.

Властите соопштија дека 83-годишната жена починала, а 65 годишниот возачот се обидел да го однесе нејзиното тело во Австрија за да „избегнат формалности поврзани со транспортот на починатите, велат од полицијата.

Полицијата не даде детали за односот меѓу двајцата, но локалните медиуми го опишаа човекот како законски старател на починатиот.

Полицијата соопшти дека случајот е формално предаден на обвинителите во земјата.

МНР му врачи протестна нота на рускиот амбасадор

Рускиот амбасадор во Скопје, Сергеј Бездникин
Рускиот амбасадор во Скопје, Сергеј Бездникин

Македонското министерство за надворешни работи му врачи протестна нота на рускиот амбасадор во Скопје Сергеј Баздникин, поради нанесената материјална штета при рускиот напад на Киев, на македонската амбасада во Украина.

Баздникин попладнево бил повикан во во Мистерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) каде му беше врачена протестна нота.

„На рускиот амбасадор му беше врачена протестна нота со која се изразува силна осуда и протест за нанесената материјална штета од ракетниот напад на руските армиски сили врз Киев, при кој беше погодена и Амбасадата на Република Северна Македонија“, е наведено во соопштението од МНР.


Претходно, МНР информираше дека при нападот нема повредени меѓу дипломатскиот персонал, но е причинета материјална штета на Амбасадата.

„Од страна на надлежните служби е извршен првичен преглед на штетите на лице место и веќе се работи на нивно санирање“, соопшти Министерството.


Рускиот ракетен напад врз зграда во Киев, во која се сместени шест странски дипломатски претставништва, меѓу кои и македонската амбасада во Украина, го осуди и Европската комисија.

„Овој напад уште еднаш покажува дека криминалната природа на (рускиот претседател Владимир) Путин претставува опасност за Украина, за ЕУ и за нашата севкупна безбедност“, изјави портпаролката на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Анита Хипер.

Хипер одговарајќи на новинрското прашање дали Европската Комисија има намера да вложи дипломатски протест до Русија, затоа што меѓу тие шест земјие, една е членка на ЕУ, кусо одговори дека Комисијата „ќе ја процени ситуацијата и ќе реагира“.

Украина изврши смртоносен ракетен напад врз рускиот регион Курск на 20 декември, само неколку часа откако Русија изврши масовен воздушен напад врз Киев за време на шпицот во кој загина едно лице и оштетена историска катедрала и други згради во главниот град, вклучително и шест амбасади.

Киев беше само една од неколкуте цели во масовните руски воздушни напади низ Украина на 20 декември.

Напаѓачот од Загреб откако убил седумгодишно дете и ранил пет други, пробал да се самоубие

Напад во училиште во Загреб
Напад во училиште во Загреб

Хрватската Влада донесе одлука утре да биде Ден на жалост поради трагедијата во Основното училиште Пречко во Загреб, при што е убиено седумгодишно дете, седум други се ранети од кои пет деца и двајца возрасни.

Во Основното училиште Пречко во Загреб денеска 19-годишно момче со нож нападна учителка и неколку ученици. Од здобиените повреди почина едно дете, а пет деца кои се ранети се хоспитализирани.

„Нападот го извршил 19-годишен маж кој десет минути подоцна бил уапсен кога полицијата го спречила да се самоубие“, хрватски Министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ.

Тој додаде дека насилникот бил ученик во тоа училиште и живеел во близина на училиштето.

Напаѓачот набрзо по нападот побегнал и криејќи се во тоалетот во блиска болница се обидел да се самоубие со ножот, нанесувајќи си неколку убодни рани во вратот. Полицијата го спречила и тој сега е под полициски надзор во болницата, јавува Хрватската радио телевизија.

„Се утврдуваат околностите и динамиката на овој настан“, рече Божиновиќ, додавајќи дека истрагата и другите дејствија што ги спроведува полицијата, како информативни разговори и одземање на снимките од надзорните камери, се во тек.

Полска револтирана од унгарската одлуката за азил за политичар обвинет за корупција

Шефот на канцеларијата на унгарскит претседател Виктор Орбан, Гергели Гуљас,
Шефот на канцеларијата на унгарскит претседател Виктор Орбан, Гергели Гуљас,

Полска го повика унгарскиот амбасадор поради одлуката на Будимпешта да му даде политички азил на полски опозициски политичар кој се бара поради наводна корупција за време на неговиот мандат во претходната полска влада.

Варшава беше огорчена од одлуката на Унгарија да му даде политички азил на опозиционерот Марчин Романовски. Одлуката, објавена од кабинетот на унгарскиот премиер на 19 декември, ја обвини полската влада за прогон на нејзините политички противници.

Полска го нарече потегот „непријателски чин“ што се коси со принципот на лојална соработка меѓу членките на Европската унија.

„Како одговор на оваа акција, унгарскиот амбасадор во Полска денеска ќе биде повикан во Министерството за надворешни работи, каде што ќе добие официјална протестна нота“, соопшти Министерството на 20 декември.

Министерството, исто така, соопшти дека доколку Унгарија не ги почитува со своите обврски од ЕУ, Полска ќе побара од Европската комисија да одговори.

Владата на полскиот премиер Доналд Туск соопшти дека ја отвори вратата за обвинителите да ги истражат сомнителните неправилности извршени за време на мандатот на националистичката партија Право и правда, која владееше со земјата осум години до 2023 година и кои беа прикриени.

Туск рече дека е вознемирен од одлуката на Унгарија да засолни човек кој се бара поради сомневање дека ја измамил државата.

„Не очекував дека корумпираните политичари кои бегаат од правдата ќе можат да изберат меѓу [белорускиот авторитарен лидер Алаксандар] Лукашенко и [унгарскиот премиер Виктор] Орбан“, рече Туск на 20 декември.

Неговото повикување на Лукашенко очигледно беше поврзано со случајот за полскиот судија кој побегна во Белорусија.

Романовски беше приведен за време на истрагата, но ослободен во јули. Тој ги негира обвиненијата против него. Преку неговиот адвокат, тој тврдеше дека е жртва на политичка одмазда од владата на Туск.

Шефот на канцеларијата на Орбан, Гергели Гуљас, рече дека одлуката на унгарските власти е во согласност и со домашното и со законодавството на Европската унија.

Тој рече дека апсењето на Романовски покрена сериозна загриженост за фер третман и политичка пристрасност во судски постапки во Полска.

Полските опозициски пратеници, вклучително и Романовски, ја обвинија владата на Туск дека спроведува политички мотивиран лов на вештерки против нив.

Романовски изјави за полската телевизија ТВ Република дека мисли дека фактот што Унгарија му дала азил потврдува дека „ние се занимаваме со политички прогон во Полска“.

Портпаролот на Европската комисија одби да коментира за конкретниот случај, но нагласи дека земјите-членки на ЕУ се обврзани да ги спроведуваат европските налози за апсење.

Вучевиќ: Студентите што не протестираат имаат право да полагаат испити

Протест на студенти пред ректоратот во Белград
Протест на студенти пред ректоратот во Белград

Српскиот премиер Милош Вучевиќ на 20 декември изјави дека студентите кои не протестираат на факултетите имаат право да полагаат испити и дека очекува деканите и професорите да ги разберат овие студенти.

Вучевиќ се сретнал со, како што се вели во владиното соопштение, „легитимно и легално избраните студентски претставници на сите универзитети во Србија“. По средбата изјавил дека дека заклучил оти студентите се многу загрижени дали и како ќе заврши семестарот и како ќе биде организиран јануарскиот испитен рок.

„Студенти на премиерот му поставиле „бројни прашања на кои очекуваат одговор, но и помош од државата“, е наведено во владиното соопштение.

„Ги интересира дали ќе се намалат школарините бидејќи немале настава поради блокадите на факултетите, што ќе биде со оние кои требаше да завршат во овој период, а беа спречени да го сторат тоа, а чекаа вработување. и многу други работи поврзани со нивиот стандард“, изјави Вучевиќ.

Тој оцени дека „недозволиво е професорите да ги делат студентите на оние кои протестираат и оние кои сакаат да одат на часови“ и додаде дека „последниве се најмногу дискриминирани“.

„Очекувам деканите и професорите да ги разберат и двете, бидејќи мнозинството студенти не учествуваат во блокадите“, рече премиерот.


Според Вучевиќ српската владата ги исполнила сите барања на студентите- демонстранти и се друго што се случува е чиста политизација“.

Студентите кои ги блокираат факултетите ги отфрлаат овие наводи.

Во Србија блокирани се повеќе од 50 факултети на четири државни универзитети, неколку ректорати и десетици средни училишта.

Студентите на блокадите бараат политичка и кривична одговорност за падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, објавување на сите документи поврзани со реконструкцијата на станицата и зголемување на буџетот на факултетот.

Надлежните тврдат дека се исполнети сите барања на студентите, меѓу другото, како што велат, објавена е и документацијата за реконструкција на Железничката станица во Нови Сад.

Групата студенти на блокадата соопшти дека со објавувањето на документацијата не се дава одговор на прашањето кој е одговорен и што се случило.

Бетонската настрешница на зградата на станицата во Нови Сад се урна само неколку месеци по свеченото отворање на станицата по тригодишна реконструкција и тврдењето на надлежните дека е изградена по највисоки европски стандарди.

13 лица се уапсени под сомнение дека се одговорни за падот на настрешницата.

Меѓу нив беше и до неодамна министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ, кој по неколку дена беше пуштен од притвор.

Владата го повлече од Собрание предлог-законот за средно образование

Илустрација, средношколци
Илустрација, средношколци

Законот за средно обеазование е повлечен од Владата, откако повеќе партии поднесоа десетици амандмани. На голем дел од законските одредби реагираа опозициските партии, но клучната причина поради која беше повлечен законот е ставот на владиниот коалициски партнер Вреди (Влен) кои бараат да се избрише членот со кој се предвидува интонирање на државната химна на почетокот и крајот на учебната година, како и за одбележување на патронатите на училиштата.

„Уште еднаш се докажа дека клучен фактор кој ги гарантира албанските интереси е Вреди. Постапивме како што ни одговара. Без врева и без бучава. Во првото читање наредбата ја дадовме со тоа што воопшто не гласавме, а по потреба поднесовме амандмани. Како резултат на тоа, Владата го повлече законот. Државната химна нема да се интонира во училиштата“, се наведува во соопштението на Вреди.

Старо-нова концепција за повеќе знаење на основците
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:14 0:00

Пред почетокот на комисиската расправа на 20 декември за законите од образованието, претседателката на Комисијата Иванка Василевска рече дека Владата го повлекува Предлог-законот за средно образование.

Пратеничките д коалицијата на Европскиот фронт Илире Даути и Арбана Пашоли, изразија задоволство од повлекувањето на Законот, посочувајќи дека не се согласувале со неколку ставови во овој закон, особено со член 54 со кој се предвидуваше интонирање на државната химна.

Амандмани беа поднесени и за водењето на педагошката евиденција на двата јазика, македонскио и албанскиот, како и за полагање испит по македонски јазик на сите директори.

ЕК го осуди рускиот напад врз зградата во Киев, коja e седиште на македонската и пет други амбасади

Знамињата на Европската унија се веат пред зградата на Европската комисија во Брисел на 12 април 2024 година.
Знамињата на Европската унија се веат пред зградата на Европската комисија во Брисел на 12 април 2024 година.

Европската комисија го осуди руски ракетен напад на 20 декември врз зграда во Киев во која се сместени шест странски дипломатски претставништва, меѓу кои и македонската, црногорската и албанската амбасада во Украина.

„Овој напад уште еднаш покажува дека криминалната природа на (рускиот претседател Владимир) Путин претставува опасност за Украина, за Европската Унија (ЕУ) и за нашата севкупна безбедност, изјави портпаролката на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Анита Хипер.

Хипер одговарајќи на новинрското прашање дали Европската Комисија има намера да вложи дипломатски протест до Русија, затоа што меѓу тие шест земјие, една е членка на ЕУ, кусо одговори дека Комисијата „ќе ја процени ситуацијата и ќе реагира“.

Од црногорското Министерство за надворешни работи за Радио Слободна Европа велат дека прозорците на просториите на Амбасадата се оштетени како последица на експлозија што се случила во нејзина близина.

Во моментот на експлозијата, амбасадорот и персоналот на Амбасадата не беа во објектот. Нема повредени“, соопшти црногорското Министерство, додавајќи дека тие се безбедни и ги следат упатствата на украинските власти.

Претходно, високата претставничка на Европската унија за надворешна и безбедносна политика Каја Калас изјави дека ниту една дипломатска мисија никогаш не треба да биде цел.

„Ова е уште еден варварски напад на Русија врз цивилни цели, што покажува дека нема волја за мир“, напиша таа на социјалната мрежа Х.

Претходно, македонското Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, откако го осуди нападот информираше дека при нападот нема повредени меѓу нашиот дипломатскиот персонал, но е причинета материјална штета на Амбасадата.

„Од страна на надлежните служби е извршен првичен преглед на штетите на лице место и веќе се работи на нивно санирање“, соопшти Министерството.

Руската инвазија на Украина започна во февруари 2022 година.

Обвинителството ги презентираше материјалните докази за убиствата на Ѓорчевска и Жежовски

Првоосомничениот за двете убиства Љупчо Палевски – Палчо (во средина
Првоосомничениот за двете убиства Љупчо Палевски – Палчо (во средина

Над 200 материјалните докази за убиствата на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски презентираше обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска на рочиштето во Кривичниот суд на 20 декември. Дел од доказите биле траги од ДНК кои го поврзуваат еден од обвинетите со киднапирањето на девојчето.

Обвинети за двете убиства се Љупчо Палевски – Палчо, Велибор Манев, Влатко Кешишов, Боре Видевски и Александар Ѓорчевски, таткото на Вања, кој се товари за помагање. Тие на првото судско рочиште се изјаснија за невини.

Според податоците од обдукцијата, убиствата биле извршени од непосредна близина со пиштол кој имал калибар од 9 милиметри. Обвинителката Крстевска Јосифовска кажа дека психијатриското вештачење на обвинетите потврдиле дека биле пресметливи.

Откако ќе заврши презентирањето на материјалните докази на Обвинителство, следува сослушување на сведоци на одбраната.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Палевски, како првоосомничен беше уапсен во Турција на 5 декември лани, а турските власти и го екстрадираа на Северна Македонија на 15 мај годинава.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG