„Пламенот на демократијата беше запален во оваа нација многу одамна“, рече Бајден во својот говор по повод победата во Изборен колеџ, додавајќи:
„И сега знаеме дека ништо - дури ни пандемија - или злоупотреба на моќ - не може да го изгасне тој пламен. Во оваа битка за душата на Америка, демократијата преовлада“.
„Тајм“ заеднички ги избра Бајден и Харис за „Личност на годината“
Бајден во говорот пренесуван во ударниот термин ги повика Американците да ја „свртат страницата“ на времето на Трамп и додаде дека неговата разлика во Изборниот колеџ е поубедлива од победата на Трамп во 2016 година.
Тогаш, Трамп ја победи Хилари Клинтон и покрај тоа што имаше скоро 3 милиони гласови помалку од неа.
Бајден на изборите на 3 ноември освои повеќе од 7 милиони гласови од Трамп.
Тој исто така жестоко ги критикуваше Трамп и неговите сојузници дека и пркосат на „волјата на народот“ со неприфаќање на резултатите.
Бајден ја обезбеди победата откако за него гласаа 55 гласачи од Калифорнија, обезбедувајќи 302 гласа.
Последните резултати беа од Хаваи, кои на Бајден му дадоа 306 гласачи. 270 гласа од 538 се потребни за избор на претседател.
Претседателот во заминување Доналд Трамп освои 232.
Врховниот суд го отфрли барањето за поништување на победата на Бајден во Пенсилванија
Гласањето на Изборниот колеџ е процедурален чекор кој малку се забележува, но годинава му се посвети поголемо внимание затоа што Трамп одбива да го признае изборниот пораз.
Тој изгуби повеќе од 40 судски случаи кои ги оспоруваат изборните резултати. Трамп исто така загуби двапати во Врховниот суд.
Откако бројните правни тужби беа одбивани од судиите, Трамп и републиканските сојузници во минатата недела се обидоа да го убедат Врховниот суд да издвои 62 изборни гласови за Бајден во четири држави, што можеше да го доведе во прашање резултатот во сомнеж.
Судиите ова го отфрлија на 11 декември, но Трамп продолжува да дава лажни тврдења дека победил на изборите.
„Се грижам за тоа што земјата има нелегитимен претседател, за тоа се грижам. Претседател кој изгуби и изгуби лошо “, изјави Трамп во интервјуто за Фокс Њуз.
Веднаш по потврдата на изборната победа на Бајден, американскиот државен обвинител Вилијам Бар поднесе оставка поради тензиите со претседателот Доналд Трамп во врска со неоснованите тврдења на претседателот за изборни измами.
Бајден ќе побара од Американците 100 дена да носат маски
Трамп ја објави оставката на Твитер по состанокот со Бар во Белата куќа. Неговиот последен ден на работното место ќе биде 23 декември.
„Нашата врска беше многу добра, тој заврши извонредна работа!“, напиша Трамп кој во почетокот на овој месец беше лут кога Бар рече дека Министерството за правда не открило широко распространета изборна измама што би го сменила резултатот од изборите.
Трамп исто така не беше задоволен што Министерството за правда не објави во јавноста дека го истражува Хантер, синот на Џо Бајден, пред изборите.
Во неговото писмо Бар го пофали претседателот за „невидени достигнувања“.
Според комплицираниот систем кој датира од 1780 година, кандидатот станува претседател на САД не со освојување на гласовите на народот, туку преку системот на Изборниот колеџ, кој им доделува изборни гласови на 50-те сојузни држави и областа Колумбија врз основа на застапеноста на Конгресот.
Гласањето се одвива низ Соединетите држави, со избирачи кои се собраа во главните градови на 50-те држави и областа Колумбија.
Вермонт и Тенеси беа меѓу првите сојузни држави каде што електорите се собраа за да го дадат својот глас.
Според американскиот систем, гласачите всушност гласаат за електори или избирачи, кои пак, формално гласаат за кандидатите неколку недели по изборите.
Резултатите од Изборниот колеџ ќе бидат испратени до Вашингтон и објавени на заедничката седница на Конгресот на 6 јануари, со која ќе претседава потпретседателот Мајк Пенс.