Вооружени полициски сили по нападот во Виена
Полицијата со автоматски пушки патролираше по улиците на центарот на Виена по вчерашниот напад на повеќе вооружени лица, во кој беа убиени најмалку две лица, а неколку други ранети. Еден напаѓач бил убиен во, како што службите за безбедност го оценија „терористички напад“. Полицијата ги повика корисниците на социјалните мрежи да не објавуваат видеа од тековната полициска акција, за да не бидат загрозени полицајците.