Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права, Мишел Бачелет изјави дека во земјите со слаби оценки за човекови права пандемијата на коронавирусот дополнително ја влошува состојбата во оваа сфера.
Бачелет смета дека акцијата заснована на правата треба да биде дел од закрепнувањето од кризата.
„Со ковид-19, брзата и глобална здравствена криза се судри со многу побавни и позасилени политички, социјални и економски кризи низ целиот свет“, наведе високиот комесар Бачелет пред Советот за човекови права на Обединетите нации.
„Оние повеќекратни основни прекршувања кои нè направија поранливи на овој вирус произлегуваат пред се од политичките процеси што го исклучуваат гласот на луѓето и прават празнини во заштитата на човековите права“.
Нов дневен рекорд на новозаразени со Ковид-19 во светот
Претходно, во новиот извештај на фондацијата Бил и Мелинда Гејтс беше оценето дека пандемијата со коронавирус го запре напредокот на глобалното здравје и доведе милиони луѓе во опасност од фатални болести и сиромаштија.
„Како резултат на пандемијата, екстремната сиромаштија се зголеми за 7 проценти, а покриеноста со рутински вакцини паѓа на нивото што последен пат беше забележано во 90-тите години“, се вели во извештајот на Фондацијата Гејтс кој го следи напредокот на Целите на одржливиот развој на Обединетите нации за намалување на сиромаштијата и за подобрување на здравјето.
Потпретседателот на фондацијата Бил Гејтс вели дека тоа е голем чекор назад.
Падот на стапките на рутинска имунизација во извештајот е опишан како „пресврт на светот од околу 25 години за 25 недели“.
Исто така, се покажало дека пандемијата имала непропорционално влијание врз жените, расните, етничките и малцинските заедници и луѓето кои живеат во екстремна сиромаштија.
Испитувањата за вакцина против ковид-19 продолжуваат
Заедно со намалувањето на стапките на рутинска имунизација, зголемувањето на нивото на сиромаштија и економската штета од пандемијата ги зајакнува нееднаквостите.
„По 20 последователни години пад на екстремната сиромаштија, сега видовме пресврт“, рече Марк Сузман, извршен директор на Фондацијата „Гејтс“, во интервју за Ројтерс, додавајќи:
„Имаме скоро 40 милиони луѓе повторно фрлени во екстремна сиромаштија. Тоа е над повеќе од еден милион неделно од моментот кога се појави вирусот“.
Шест месеци пандемија, СЗО загрижена оти нема солидарност
Во извештајот се цитираат проекциите на Меѓународниот монетарен фонд дека, и покрај веќе потрошените 18 трилиони долари за обид за стимулирање на економиите ширум светот, глобалната економија ќе изгуби повеќе од 12 трилиони долари до крајот на 2021 година - најголема загуба на глобалниот БДП од крајот на Втора светска војна.
Иако сцената во моментов е „мрачна“, основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс е убеден дека светот ќе излезе од пандемијата и ќе продолжи да напредува кон целите за подобрување на глобалното здравје.
Во меѓувреме, директорот на Светската здравствена организација за итни ситуации Мајкл Рајан предупреди дека Европа е на пресвртна точка, во борбата против коронавирусот поради зголемувањето на бројот на заразени, почетокот на учебната година и доаѓањето на есента.
„Време е да запре „ловот на фатаморгана“ и да се донесат тешки одлуки за да се заштитат најранливите и да им се дозволи на децата да одат на училиште, па дури и по цена на неизбежни жртви“, рече Рајан на виртуелната прес конференција во Женава, додавајќи:
„Во Европа, луѓето наскоро ќе почнат да се враќаат во затворени простори. Притисокот од инфекцијата ќе се интензивира“.
ЕК: Фејсбук, Гугл, Твитер посилно да се борат со лажните вести за Ковид-19
Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус, во понеделникот изјави дека светот е далеку од крајот на пандемијата и дека бројот на смртни случаи засега е релативно низок.
Инаку, бројот на луѓе заразени со коронавирусот во Индија надмина пет милиони, објави во средата индиското Министерство за здравство.
Втората најнаселена земја на планетата забележала милион нови инфекции за само единаесет дена.
Индија е втора по бројот на инфицирани, по САД со над 6 ипол милиони.
Во меѓувреме, во Чешка е соопштено дека дневниот број на нови случаи на инфицирани со коронавирус во вторникот се искачи на 1.677, што е највисоко досега.
Вкупниот број на потврдени е 38.896 во земјата со 10,7 милиони жители, покажуваат податоците на Министерството за здравство во средата