Протест во Црна Гора против српските симболи
Десетици илјади луѓе маршираа во Црна Гора во знак на протест против употребата на српските национални симболи од страна на просрпските опозициски партии, кои извојуваа победа на изборите минатата недела. Луѓе од различни делови на Црна Гора се собраа во главниот град Подгорица, за да испратат порака дека „ќе ја бранат независна и граѓанска Црна Гора“. Учесниците скандираа „Ова не е Србија“ и „Не ја даваме Црна Гора“.