Си поставивте цел генерално да ја победите ВМРО-ДПМНЕ и да го победите вашиот коалиционен партнер ДУИ во шестата изборна единица. Ако ви беше толку тешко со ДУИ зошто чекавте три години?
Немате многу опции во политиката во делот на изборот. Да ве потсетам Вас и сите што не следат дека добивме 49 пратеници после „бомбите“, после отворање на целиот криминал,комплетната запустеност на државата и опциите преку бројките наши, кои граѓаните преку гласање ни даваат се опциите кои ви стојат на располагање. Буквално не постоеше друга опција освен коалиција со ДУИ за да може да се направи парламентарно мнозинство. Нормално сите други помали партии беа со пет пратеници, со три пратеници, со два пратеници кои едноставно не даваа опции на возможна парламентарна коалиција за доволно парламентарно мнозинство.
Пред две години ги повикувавте граѓаните да гласаат за кандидатите на ДУИ, а не на Беса, сега обратно. Што ве зближи со Беса овие две години, а ве скара со ДУИ?
Политички ставови се градот логично на моментот на којшто настапувавте. Тогаш беа локални избори. Ние бираме кандидати зад кои застануваме. Имаше кандидати зад кои и не се појавивме или тие не се појавија зад наши кандидати. Но застанавме зад соодветни кандидати во кои верувавме, иако се изгоревме реално со некои кандидати. Бевме заедничка коалиција.
За кој најмногу жалите?
Господинот Мерко. Жалам. Еве зошто жалам. Едноставно е. Може градоначалникот на Охрид да постапува, тоа не е така пријатна надлежност на општините, во Струга не се постапува. Јас сум пријател со градоначалниците, соработував како премиер, помогнавме со 50 милиони евра, со илјадници проекти насекаде, тоа е заедничка наша земја и така треба да се развиваат општините. Но заедно треба да ги преземаме и обврските. Успеавме со Беса да изградиме програма, заедничко концепт во кој веруваме. Концепт на реформи, на економијата, на кревање на стандардот, европеизацијата низ поглавјата и слично.
За што ги трошат парите општините?
За нешто повеќе од три години на власт која е вашата најголема слабост и разочарување?
Јавната администрација е голем кочничар во државата, тука мораме многу да работиме. Има луѓе професионалци на коишто им се дивам. Гледам за нив нема работно време, посветени, отворени, се натпреваруваат кој побрзо ќе реши предмет, гледаат да најдат позитивен одговор, најлесно е да кажете не. Има сериозен голем дел на администрација, ама има еден дел на администрацијата којшто не само што не е сервис на граѓаните, туку е кочничар на работите. Овде ќе мора да направиме една комплетна реформа. Ние ја почнавме таа реформа, законодавството е донесено. Веќе разговаравме со Коморите, еден ден од администрацијата, 20 отсто, ќе им се заблагодариме, со пакет, комплетна отпремнина 6 до 12 месеци, зависи во кој сегмент за да ги преземат приватните компании. Веројатно таму ќе добијат и повисока плата, но ќе мора и да ја сработат. Овде еден дел ја зема платата а не работи, чесно зборувам, затоа што ако не зборуваме отворено не можеме да ги отстраниме слабостите. Со вака поставена администрација, комплетно непрочистена дефинитивно тоа ќе ни предизвика застој и во преговарачкиот процес, но и во севкупниот напредок во државата. Тука можевме повеќе да направиме. И секако не сум задоволен од ефикасноста и транспарентноста во правосудството. Ние ги донесовме законите, ги изработивме со Венецијанска комисија, со Европската делегација, во Парламентот беше цела една филозофија на наоѓање на гласови за поддршка, да поминат вака европски закони. Сега кога ги имаме донесено законите, праксата, примената мора да биде на дело. Граѓаните се незадоволни, не сум задоволен ни јас.