Достапни линкови

Села - Идејата „едно општество за сите“ е лага


Македонци се пишуваат Албанци за да им го земат работното место
please wait

No media source currently available

0:00 0:13:59 0:00

Македонци се пишуваат Албанци за да им го земат работното место

Не сме против идејата Албанец да биде премиер како што не сме против да биде и од друга етничка заедница. Најважно е тој премиер да биде квалитетен и без етнички предзнак вели лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села во интервју за Радио Слободна Европа. Тој е убеден во победа на неговата коалиција на следните избори истакнувајќи дека е време за демократија и промени. Лидерот на албанската опозиција не ја исклучува можноста за постизборна коалиција со СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, но само доколку ја прифатат програмата на Коалицијата на Алијансата и Алтернатива. 

Идејата за Албанец премиер ја коментиравте како прилично неискрена од страна на вашиот партиски опонент, но од друга страна изјавивте и дека Албанците се родени за лидери. Дали сметате дека на гласачите им е поважно да имаат премиер Албанец од тоа да имаат пристојни услови за живеење?

Не е коректно да давам интервју и да се занимавам со идеи кои излегуваат во пет до 12 од страна на моите политички опоненти. Од друга страна коректно треба да биде тоа што сум изјавил дека Албанците се за лидери, но тоа сум го рекол во смисла дека Албанците ги ставаат за помлади соработници, а тие се за раководители итн, во тој аспект. Како и да е, јас не сум против идејата премиер да биде Албанец или од некоја друга етничка заедница, но јас сум многу против премиери да бидат и политичари Македонци, на пример. Премиер треба да биде премиер, кој ќе биде премиер без етничка ознака и нема да ги гледа со различни очи и Албанците и Македонците и Турците итн. А во оваа ситуација ваквите идеи се идеи кои доаѓаат како резултат на стравот дека одат во опозиција. Ако албанските политички партии имаат некој предлог кој се однесува и до другите албански политички партии, ние имаме изградено еден механизам, еден политички инструмент кој се вика „масата на албанските политички партии кои се претставени во парламентот“. Ако господинот Ахмети имаше некој предлог требаше тука да го каже и да го образложи. Јас инсистирам откако е излезен овој предлог да излезе на дебата и дај да дебатираме околу овој предлог. Таа идеја е само за политички цели, за ништо друго и мислам дека Албанците и не веруваат во такви лаги, веќе сите се со лаги и Албанците ќе ја поддржат нашата коалиција.

На вашите митинзи повикувате Албанците да гласаат за албанските кандидати, од друга страна велите дека не треба да се става акцент на етничкиот предзнак. Овој повик да се гласа заалбански кандидати сепак значи дека повикуваме, дека ни е важен етничкиот предзнак. Зошто?

Јас зборував за етничкиот предзнак кога станува збор за премиер. Не зборував за другиот дел за тоа каде треба да оди гласот, зошто? Еве ќе ви покажам. Дали сте запознаени со феноменот самодекларативно Македонците да се пишуваат Албанци и да им го земаат работното место на Албанците?

Каде тоа се случува?

Тоа се случи пред неколку месеци во Скопје и излезе градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов и рече – Јас не можам да мешам како се чувствуваат граѓаните. Тоа се случи пред неколку дека и во затворот во Тетово. Каде што тројца се вработени самодекларативно пишани Албанци.

Изјавуваат дека ..

Декларација дека се чувствува Албанец или Турчин или Ром само за да им го заземе местото. Тоа значи дека уште не се стекнати условите за да ние имаме политички партии без етнички предзнак и тоа ќе се случи во моментот кога ќе ја спречиме дискриминацијата, експлоатацијата и кога ќе профункционира рамномерниот економски развој. Не можеме ние да зборуваме за проекти на иднината и политички ситуации на иднината кога Албанецот живее во услови на средниот век, живее како во петнаесетти век. Затоа сè додека манипулативно ја водат оваа работа македонските политички партии ние гласно ќе се спротивставиме.

Господин Села, зошто сега, особено пред избори партиите вообичаено ја засилуваат таа реторика на национална основа, на етничка основа? Тоа особено пред избори паѓа во очи.

За тој етнички предзнак сега во време на избори прстот треба да се впери во други политички партии. И не е само за време на кампањи, јас цело време зборувам со овој јазик. Некој тврди - Едно општество за сите, тоа е лага. Бидејќи од една страна едно општество за сите, а од друга страна ни градат граници кај смееме, кај не смееме да имаме школи на албански јазик. Зошто нема школа на албански јазик во Идризово? Зошто илјади Албанци во Чашка и другите делови – Велес, Прилеп итн., од шестгодишна возраст се принудени да учат на македонски јазик, бидејќи некој не им дозволува да отворат паралелки на албански јазик. Зошто тука во Сарај и ден-денеска не е изграден мостот за да им се скрати патот, секој ден по 15 километри, на тие Албанци кои живеат таму. Секој ден да имаат 15 километри помалку трошоци за да стигнат до Скопје. Ветено од страна на СДСМ и гласано на минатите избори во 2016. А знаете ли зошто не е изграден тој мост? Затоа што висок функционер од СДСМ после избори им рекол дека не можеме тоа да ги изградиме, бидејќи Македонците кои живеат од другата страна на Вардар не сакаат да им поминуваат Албанците пред куќи. Сè додека ние сериозно не почнеме да се занимаваме со правна држава, сè додека дозволуваме во нашето општество граѓани без разлика на етничко потекло да му спречи на друг граѓанин, на неговото дете, да оди на школо и да учи на јазик кој е гарантиран со Устави и со меѓународната декларација за човекови права и сè додека такви граѓани не завршуваат во затвор ние ќе продолжиме да имаме проблем.

Доколку сте убедени во вашата победа, тогаш логично доаѓа прашањето –Со кого се гледате во постизборна коалиција кога станува збор за СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ?

Јас сум сериозен и свесен за ситуацијата во која се наоѓаме. Јас ви велам дека ние ќе победиме на овие избори. Денот кога нашите гласачи, граѓаните ќе ја легитимираат нашата програма и платформа, од тој момент јас не сум Зијадин Села, туку сум програмата и платформата која тие граѓани ја имаат гласано и ѝ имаат дадено легитимитет. И како резултат на тоа ние ќе коалицираме со таа политичка партија која ќе ја прифати таа програма, а во таа програма стои исто така дека реверзибилни процеси нема да постојат и нема враќање назад од нашиот пат. Веќе сме членка во НАТО, на пат кон ЕУ, договорите со соседите треба да се почитуваат итн, итн.

Значи од старт не ги отфрлате ниту едната, ниту другата партија како опции

Секоја која ќе се дрзне да не врати назад ќе се отфрли сама.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG