Достапни линкови

Кои се критериумите на ЕУ за влез на патници од други земји?


Кундуктерка чека патници на железничка станица во Киев, Украина
Кундуктерка чека патници на железничка станица во Киев, Украина

Европската унија започна да ги отвора своите внатрешни граници за патниците, бидејќи поголемиот дел од континентот, барем привремено, ја намали кривата на коронавирусот. И сега блокот се подготвува за вториот и многу потежок чекор - олабавување на ограничувањето на својата надворешна граница за патниците од трети земји.

Европската комисија претходно овој месец препорача постепено отворање, почнувајќи од 1 јули и предложи граѓаните на земјите кои не се членки на ЕУ во Западен Балкан да можат да патуваат во ЕУ.

Но, земјите членки се борат да изнајдат цврст и кохерентен список на земји чии државјани треба да ги поздрави Унијата.

Зошто ЕУ сака да ги отвори своите надворешни граници?

Едноставно кажано: туризам. ЕУ процени дека околу една десетина од сите фирми во ЕУ му припаѓаат на туристичкиот сектор.

СЗО: ризикот од повторен пик на коронавирусот во Европа e „реалност“

Овие 2,4 милиони фирми вработуваат приближно 13,6 милиони луѓе, голем дел од нив во три големи земји кои се сериозно погодени од вирусот - Франција, Италија и Шпанија.

Со други зборови, прашањето е да им се даде одредена јасност на хотелиерите, туристичките агенции, сопствениците на барови и можеби најмногу од сите, на аеродромите и транспортните компании за сезоната на летни одмори во Европа.

Проверка на мобилна апликација за тест за коронавирус
Проверка на мобилна апликација за тест за коронавирус

По неколку состаноци, ЕУ излезе со прелиминарен список на земји што треба бидат одобрени на 1-ви јули.

Списокот вклучува 47 земји од целиот свет, како и 7 европски држави - Босна, Грузија, Црна Гора и Србија, плус трите микро држави Андора, Монако и Ватикан. Тој список постепено се намалува.

Критериумите за една земја да биде во списокот?

Критериумите сè уште не се цврсто поставени, но има предлог со некои параметри. Најочигледен е споредливоста или подобрата епидемиолошка состојба од просекот во ЕУ на 15 јуни 2020 година.

Ковид-19 во кланица во Германија ја загрозува стратегијата за локални мерки

Ова се мери врз основа на стапката на инфекција, што значи нови случаи во последните 14 дена на 100 000 жители.

Овој број е 16 во ЕУ.

Но, постојат и други критериуми:

Земја треба да има стабилен или опаѓачки тренд на нови инфекции, податоците мора да бидат сигурни и достапни и мора да има мерки за ограничување за време на патувањето.

илустрација
илустрација

Згора на тоа, Брисел ги разгледува и аранжманите за патување што третата земја ги има за жителите на ЕУ - со други зборови, реципроцитет, како и какви информации има дадено една земја за тестирањето, надзорот, третманот и известувањето.

Значи, има простор за толкување.

Тука е и политиката.

Некои земји едноставно лобираат за да бидат вклучени или исклучени одредени земји.

Проширена забраната за влез на работници во САД

Шпанија е заинтересирана да го вклучи Мароко, а Франција сака да ги вклучи своите поранешни колонии Алжир и Тунис.

Соединетите држави нема да бидат среќни кога ќе видат дека на списокот се Кина и Индија и, најверојатно, ќе ги присилат сојузниците на ЕУ на овој или друг начин да бидат и тие наведени.

Има ли други проблеми?

Многу.

Како прво, овој список ќе биде необврзувачки.

Тој е едноставно препорака.

И додека многумина ќе го следат тоа, некои посочија дека нема да го почитуваат, како што се Данска и Португалија.

И тие имаат право да го сторат тоа, бидејќи земјите членки на ЕУ на крајот самите одлучуваат за своите граници.

Корона предизвици на македонските граници

Проблемот е, во тоа што едностраните потези и се закануваат на кохерентноста на ЕУ.

Сепак, најголемиот проблем е што коронавирусот воопшто не е под контрола.

Пикови се пријавуваат од многу страни на светот, вклучувајќи ја и Европа.

На крајот на краиштата, може се да зависи од секоја земја која треба да реши меѓу здравјето на нејзините граѓани и нејзината економија.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG