Српските владејачки десничарски популисти се очекува да доминираат на парламентарните избори овој викенд во кампањата во која се развеаја многу знамиња.
Но, тоа не се знамињата што повеќето би очекувале да ги видат на Балканот, каде што етничкиот национализам е соочен со економската и политичката привлечност на западните интеграции.
Наместо нив, развеани се црвени знамиња со жолта ѕвезда - на комунистичката Кина.
Со месеци, вклучително и во вонредната состојба поради заканата на ковид-19 што ги прекина над едногодишните неделни протести - претседателот Александар Вучиќ и неговите сојузници во владата ги уверуваа седумте милиони граѓани на Србија да гледаат на Кина како на важна за судбината на нацијата.
Вучиќ: го поддржуваме кинескиот суверенитет
Наводно, платени од страна на медиумите на Вучиќ и локалните власти, билборди и други транспаренти на благодарност кон Кина и нејзиниот претседател Си Џинпинг, се појавија во Белград и другите српски градови за време на кризата со ковид-19.
Тоа го засили поимот за кинеско-српското „братство“ и дури го засени попознатото присуство на руското знаме што служи како честа противтежа на прозападните политички сили.
„Мислам дека Вучиќ игра на кинеска карта пред се, за домашната публика“, вели Тена Прелец, истражувач во Оксфорд, за Радио Слободна Европа.
Вучиќ: Сакаме во ЕУ, ама нема да зборувам потив Русија и Кина
Таа прецизира дека откако со месеци играл на кинеските инвестиции, Вучиќ неодамна „го поправи својот став кон ЕУ и призна дека земјите од ЕУ се најголем инвеститор во Србија“.
Во тоа интервју за РСЕ објавено на 7 јуни, Вучиќ вели:
„Разговараме со сите. Што се однесува до нас, ние сме на европскиот пат. Ние не се откажуваме од тоа“.
Но, тој додаде дека ја цени дипломатската поддршка на Пекинг за најголемиот предизвик на Србија, децениското одбивање да ја признае независноста на својата поранешна автономна провинција Косово.
„Недвосмислено ја добиваме таа поддршка за интегритетот на Србија од Кина и Русија и, од друга страна, имаме многу добра економска соработка и соработка во сите други области“.
Прелец за ова вели дека Вучиќ има еден наратив за „внатрешна употреба“, а друг за странство.
Нееднакви можности?
Кина неодамна ја стави Србија во центарот на својата европска економска и политичка стратегија со насочување милијарди долари во заеми и инвестиции во Западен Балкан, како дел од стратегијата „Нов пат на свилата“.
Тоа значи милијарди долари повеќе во годишната трговија со Србија.
Сè ова во време кога Европската унија е млака околу натамошното проширување.
Кинески вложувања од висок профил вклучуваат инфраструктурни проекти како ултрамодерна железничка пруга „Белград-Будимпешта“ и кинески стратешки инвестиции кај традиционалните партнери како рудникот за бакар РТБ Бор.
Унгарија потпиша договор за кредит со Кина за изградба на железница
Ваквите преземања од големи размери помагаат да се формира наратив за кинеската заложба за Балканот.
Пекинг, исто така, го сфати двоумењето на Европската унија во врска со демократското заостанување во Белград, откако Вучиќ ја консолидираше политичката контрола врз институциите и големите медиуми.
„Тоа ја сигнализира врската не само помеѓу владата на Србија и кинеската држава и кинеските компании, туку и меѓу политичката партија која моментно е на власт во Србија и Кинезите“, вели Стефан Владислављев, програмски асистент во белградскиот фонд за Политичка извонредност (БФПИ), невладина организација која промовира демократија и европска интеграција во Србија.
Ковид-19
Во почетокот на глобалната пандемија, српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ стана првиот висок странски дипломат што го посети Пекинг во екот на инфекцијата кон крајот на февруари, во, како што рече, покажување на српската „солидарност“ со Кина.
Тој притоа ја спомна и теоријата на заговор - најпрво проследена од кинеските власти - дека избувнувањето на ковид-19 може да биде „дел од специјалната војна против Кина“.
Но, најострата реторика од Белград кон ЕУ дојде кон средината на март кога експлодираше ковид-19 во Европа, при што Вучиќ ја оцени „европската солидарност“ како „непостоечка бајка на хартија“.
Борел - Србија се заблагодарува на Кина, но не и на ЕУ
Кина достави помош во форма на маски и друга медицинска опрема и испрати половина дузина советници за здравствена заштита во Србија.
Но, додека беа критикувани за премногу бавна акција, земјите на ЕУ и дадоа десетици милиони долари за здравствена заштита и друга итна помош на Србија за да помогнат да се справи со коронавирусот.
Првите парламентарни избори во Србија од 2016 година првично беа закажани за 26 април, но беа одложени кога беше прогласена вонредна состојба поради ковид-19.
Сега, пред изборите, владејачката коалиција се чини дека се обидува да ги покаже длабоките џебови на кинеските пријатели за да го победи предизвикот од поделената опозиција - од кои некои го бојкотираат гласањето поради изборните реформи кои се чини дека ги фаворизираат владејачките партии.
„Во однос на Кина воопшто, бенефит има партијата на Вучиќ која инсистира на тоа дека економските односи меѓу двете земји се многу важни“, оценува Прелец.
Фото кампања
Вучиќ и кинескиот амбасадор Чен Бо се состанаа на градилиштето на планираната железничка брза железница од Белград до Будимпешта на 30 мај.
Во исто време, Вучиќ неодамна сигнализира поддршка за напорите на кинеската Комунистичка партија по затегнувањето на безбедносната контрола на Пекинг врз специјално управуваната територија Хонг Конг и покрај распространетото меѓународно негодување.
Веднаш дојде благодарност од Пекинг.
И премиерката Ана Брнабиќ и нејзиниот кабинет, во кој се вклучени голем број лица од последната влада на Вучиќ, пред тој да се пресели во претседателскиот кабинет во 2017 година, исто така ги пофали кинески врски.
На 9 јуни, Брнабиќ и амбасадорот Чен го посетија кинескиот проект за производство на делови за автомобили во Ниш.
Истиот ден, министерката за градежништво, транспорт и инфраструктура Зорана Михајловиќ и градоначалникот на Белград, се појавија заедно со висок извршен директор од кинеска компанија што гради автопат околу Белград.
Кинеската „дипломатија на маски“ ја освојува Источна Европа
Следниот ден, Михајловиќ се појави заедно со Чен при потпишувањето на заедничка српско-кинеска спогодба за изградба на нов автопат во западна Србија.
На 11 јуни министерот за рударство и енергетика Александар Антиќ го посети рудникот „Бор“ и се состана со претставници накинескиот сопственик.
Многу од овие настани излегоа на социјалните медиуми на Прогресивната партија. „Имаме промовирање на кинески проекти како дел од изборната кампања и тоа се големи стратешки проекти кои несомнено придонесуваат за државната инфраструктура на Србија“, вели Владислављев.
А доказите?
Меѓутоа, дури и во областа на инвестициите, додека Србија претставува фокусна точка за кинеските политички текови и инвестиции во Европа, бројките се бледи во споредба со оние на ЕУ.
Компаниите на ЕУ учествуваат со скоро 70 проценти во кумулативните директни странски инвестиции во Србија помеѓу 2010 и 2018 година.
И Вучиќ во своето неодамнешно интервју за Радио Слободна Европа призна дека две третини од трговијата со Србија е со членките на ЕУ.
„Србија има скоро 1.000 пати помалку трговија со Народната Република Кина отколку само со две земји од ЕУ“, рече тој, мислејќи на Холандија и Германија.
EП: Луѓето од Западен Балкан треба да имаат корист од фондовите на ЕУ
Вучиќ, кој сака да се гледа како ја води земјата кон ЕУ, е нестрплив да ја надополни идејата во главите на потенцијалните гласачи дека странците сметаат оти Србија е привлечна инвестициска дестинација.
„Одржувањето на многу висока стапка на странски инвестиции е нешто за што српската влада е многу горда и клучна е за целиот наратив на Вучиќ за успешна економија, што е многу важно за него“, оценува Прелец.
Пост-изборни промени?
Малкумина се сомневаат дека Вучиќ нема да ги задржи повеќето карти по изборите на 21 јуни.
Тој неодамна навести дека ако неговата партија победи, тогаш Брнабиќ која влезе за да ја пополни празнината оставена по преселбата на Вучиќ на претседателското место - ќе биде само еден од големиот број кандидати за премиер.
Министерот за надворешни работи Дачиќ во минатата недела изјави дека Сергеј Лавров, неговиот руски колега, оваа недела ќе престојува во Србија во знак на поддршка за владејачката коалиција.
Русија има лингвистички и историски врски со Србија и е гласен противник на косовската независност во Советот за безбедност на ОН.
Вучиќ веќе доби покана една недела по изборите во Москва да се сретне со претседателот Владимир Путин и да биде гостин на парадата на Денот на победата за да се означи крајот на Втората светска војна што беше одложена среде пандемијата на коронавирус.
Тачи: Косово и Србија на 27 јуни во Вашингтон нема да разговараат за територии и граници
Основната точка е долгогодишното спротивставување на Белград за независност на Косово - нејзината поранешна автономна покраина - со тоа што Соединетите држави особено притискаат на договор за нормализирање на дипломатските односи меѓу Приштина и Белград.
Договорот за враќање на Србија и Косово на преговори може да ги исчисти најголемите пречки на Србија за подлабоки и пошироки односи со Западот.
Специјалниот претставник на САД Ричард Гренел објави дека српските и косовските претставници ќе се состанат во Вашингтон на 27 јуни на разговори.
Најверојатно таму ќе бидат Александар Вучиќ и косовскиот претседател Хашем Тачи.
Гренел посочи дека секоја страна направила „привремени“ отстапки во пресрет на таа посета, вклучително и Белград кој најавил дека ја прекинувасвојата долгогодишна кампања за депризнавање, чија цел е да ја уништи поддршката за косовската државност.
Пробивот во ќор-сокакакот може да стави крај на една деценија напнатост и да помогне во стабилизирањето на Западен Балкан за да се поттикне поголема трговија и западни инвестиции во Србија и регионот.