Достапни линкови

Бај д веј, македонскиот јазик се збогати со нови зборови


Насловна фотографија на книгата „Бушава азбука“ со илустрации на Душан Петричиќ
Насловна фотографија на книгата „Бушава азбука“ со илустрации на Душан Петричиќ

Денот на македонскиот јазик се одбележа во време кога Софија бара јазикот во документите на ЕУ да се именува како „официјален јазик на Република Северна Македонија“. Претседателот Стево Пендаровски одговори без влакна на јазикот.

Во момент кога повторно се кршат копјата за македонскиот јазик, а Бугарија бара во документите на ЕУ јазикот да се именува како „официјален јазик на Република Северна Македонија“, во земјава се одбележа 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. И како што е редот, пригодните честитки беа полни со правописни грешки. Бај д веј, во интервју за 24 Вести, и претседателот на СДСМ Зоран Заев го честиташе Денот на македонскиот јазик.

Инаку, или бај д веј, 5 Мај е прогласен за Ден на македонскиот јазик, зашто на тој ден во 1945 година, македонската влада го донела решението за македонската азбука како официјално писмо.

Блаже Конески велеше дека „јазикот ни е нашата единствена неподелена татковина“. Поетот Ѓоко Здравески потсети на една своја песна од 2014 година.

Дипломатите од Американската амбасада во Скопје на свој начин го честитаа Денот на македонскиот јазик.

Британската амбасадорка Рејчел Галовеј, пак, рецитираше поезија од Кочо Рацин.

Во време кога целото внимание е насочено кон справувањето со коронавирусот, јавноста ја вознемири изјавата на Бугарија прикачена кон записникот на седницата на Советот за општи работи на Европската унија од 25 март на која лидерите на земјите членки се согласија на Македонија и на Албанија да им се даде зелено светло за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Во изјавата меѓу другото се бара „јазикот во ЕУ документите и преговарачката рамка да се именува како „официјален јазик на Република Северна Македонија“. Документот во македонската јавност беше објавен цел месец по состанокот.

Претседателот Стево Пендаровски реагира без влакна на јазикот. Рече дека ако цената да влеземе во ЕУ е да не бидеме Македонци кои зборуваат македонски јазик, тогаш „не ни треба ЕУ“.

На социјалните мрежи се појавија илјадници коментари со навреди и со говор на омраза, но нема да ги објавиме, зашто „јазикот коски нема, ама коски крши“.

Граѓаните забележуваат на неправилната употреба на јазикот во медиумите.

Други, пак, само иронизираат.

Во меѓувреме, дел од граѓаните едвај чекаат животот после пандемијата од коронавирусот да се врати во нормала.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG