Анализирајќи над три илјади луѓе во Соединетите Држави, истражувачите откриле дека постои врска меѓу местата каде што има поголемо количество минијатурни честички на цврста прашина, познати како ПМ честички во воздухот и поголемата стапка на смртност поради новиот вид коронавирус.
Истражување: Загадениот воздух убива повеќе и од сида, маларија и алкохол
Едноставно кажано, луѓето изложени на долгорочно загадување на воздухот се поранливи на инфекцијата со овој вирус, посочува новинската агенција Асошитед прес.
Според “Њујорк Тајмс“, анализата на Харвард е прва студија на национално ниво што покажала, врз основа на статистиката, „големо поклопување“ помеѓу смртните случаи од ковид-19 и други болести поврзани со изложеноста на нечист воздух.
Веројатноста е дури 15 проценти поголема.
„Сè сугерира дека продолжената изложеност на загаден воздух всушност ја зголемува ранливоста на САРС-КоВ-2“, велат авторите, наведувајќи дека тоа е така ако се земат предвид и други фактори, како што се густината на населението или пушењето цигари.
Луѓето кои со децении живеат во многу загадени средини имаат 15 процентна поголема веројатност да умрат од коронавирус отколку оние кои живеат во средина каде што има една единица или еден микрограм на метар кубен честички од прашина помалку.
На пример, студијата утврди дека ако Менхетен во Њујорк го намалел просечното ниво на прашина за еден микрограм на кубен метар во текот на изминатите 20 години, најверојатно ќе забележел многу помалку смртни случаи.
Прашината го шири вирусот?
Исто така, постои хипотеза дека и ширењето на самиот коронавирус може да биде поврзано со загадувањето на воздухот. САРС-КоВ-2 можело да се пренесува со помош на честички од прашина.
Италијанските експерти истражуваа во обид да дознаат зошто вирусот се шири многу побрзо на северот на Италија - конкретно во индустријализираната долина на реката По - отколку во другите делови на земјата.
Истражувачите откриле дека дневниот биланс на потврдени случаи на инфекција во северна Италија е тесно поврзан со нивото на загадување.
Хипотезата на италијанските експерти има тенденција да објасни дека цврстите честички во воздухот можат да го носат вирусот на нивната површина.
ЕУ-членките испраќаат медицинска помош во Италија
Има значително повеќе од овие честички во долината на реката По, отколку во остатокот од земјата.
Меѓутоа, постојат и други објаснувања за оваа корелација, како што е високата концентрација на честички од прашина во атмосферата што ја зголемува подложноста на болести.