Како и каде се прави тест на коронавирус во Скопје
Земањето брис, односно тестирање на коронавирус во Скопје се врши во четири поликлиники. Терминот се закажува преку јавување на матичен лекар, а потоа оној што има симптоми на Ковид-19 се упатува на еден од пунктовите каде му се зема брис од нос и уста. Брисевите се носат во Институтот за јавно здравје, по што матичниот лекар го известува пациентот за добиените резултати.