Достапни линкови

Коронавирус: дали е лекот пострашен од болеста?


илустрација
илустрација

Светот се затвори. Градовите каде што некогаш имаше метеж станаа градови-духови со огромни ограничувања - од затворање по дома до ограничувања на патувањата. Тоа е глобалниот одговор без преседан на една болест. Но, кога ќе заврши и кога ќе можеме да ги продолжиме нашите животи?

Голем број експерти и државници како на пример британскиот премиер Борис Џонсон веруваат дека може да се „одврати плимата“ против коронавирусот во текот на следните 12 недели.

Но, дури и ако бројот на случаи започне да паѓа во наредните три месеци, тогаш сепак ќе бидеме далеку од крајот, се наведува во анализата на Би Би Си, во која се предвидува дека “може да потрае многу време за да се смени тоа - веројатно со години”.

Јасно е дека сегашната стратегија за затворање на големи делови од општеството не е одржлива на долг рок, бидејќи социјалната и економската штета би била огромна.

Она што на земјите им треба е „стратегија за излез“ - начин за укинување на ограничувањата и враќање во нормала.

Но, коронавирусот нема да исчезне.

Ако ги запрете ограничувањата што го задржуваат вирусот, тогаш случаите неизбежно ќе се зголемуваат.

„Имаме голем проблем во тоа што е стратегијата за излез и како да излеземе од ова“, вели Марк Волхаус, професор по епидемиологија на Универзитетот во Единбург, додавајќи:

„Ниту една земја нема стратегија за излез“. Значи тоа е голем научен и општествен предизвик.

Сепак, има начини за излез од оваа криза.

Вакцинирање

Многу луѓе развиваат имунитет преку инфекција.

Тоа би ја намалила можноста за ширење на вирусот.

Вакцината треба да им даде на луѓето имунитет за да не се разболат ако бидат изложени.

Имунизирање на доволно луѓе, околу 60% од популацијата може да спречи вирусот да предизвика појава на епидемии - концепт познат како имунитет на стадо.

Истражувањето на вакцината се одвива со невидена брзина, но нема гаранција дека ќе биде успешна и ќе понуди имунизација на глобално ниво. 12 до 18 месеци, до ефикасна вакцина, ако сè оди непречено е долго време во овие невидени социјални ограничувања.

Вакцина против корона за околу 18 месеци
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:29 0:00

Природен имунитет за најмалку две години

Краткорочната стратегија е да се запре ширењето на КОВИД-19 што е можно повеќе за да се спречи болниците да бидат презаситени.

Кога нема доволно кревети за интензивна нега, тогаш станува збор за смртни случаи.

Штом тие ќе бидат намални, може да се дозволи да се укинат некои мерки за некое време – се додека не дојде повторно до зголемување на случаите, за што пак, ќе биде потребна друга рунда ограничувања.

Кога може да биде тоа останува неизвесно.

Главниот научен советник на Британија, сер Патрик Валенс вели дека „не е можно ставање апсолутни временски рамки за вакви случаи“.

Но, ова може да потрае со години, вели професор Нил Фергусон од Империал колеџот во Лондон:

„Зборуваме за потиснување на преносот на ниво со кое, се надевам, само многу мал дел од земјата ќе биде заразена. Значи, на крајот, ако го продолжиме ова за две години, можеби доволен дел од земјата во тој момент ќе биде заразен за да даде одреден степен на заштита на заедницата“.

Сепак, постои прашалник дали ќе овој имунитет ќе трае.

Другите коронавируси, кои предизвикуваат вообичаени симптоми на настинка, доведуваат до многу слаб имунолошки одговор и луѓето можат да го фатат истиот вирус повеќе пати во животот.

Нема јасен крај

„Третата опција се постојани промени во нашето однесување кои ни овозможуваат да ја задржиме на ниско ново стапката на пренесување“, вели професор Марк Волхаус.

Ова може да вклучува и натамошно одржување на некои од мерките што се донесени.

Или пак, воведување ригорозно тестирање и изолација на пациентите.

Тоа ќе значи зголемување на бројот на кревети за интензивна нега.

Главниот британски медицински советник, професор Крис Вити стратегијата за излез ја гледа во вакцината:

„Долгорочно, јасно е дека вакцината е излез од ова и сите се надеваме дека ќе се случи што е можно побрзо“.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG