Достапни линкови

„Лајка“ ќе ја презентира програмата за работа


По неодамнешните реакции во јавноста за работата на „Лајка“, вечерва во Град Скопје ќе биде презентира програмата на ова јавно претпријатие.

„Изминативе денови во јавноста се изнесоа голем број дезинформации и невистини во врска со програмата. Ве повикуваме во вторник во 18 часот на аргументирана дебата со конструктивни предлози за програмата на ЈП „Лајка“, стои во поканата од Град Скопје.

Активистите за права на животните реагираат за предвидената еутаназија на кучиња со позитивен тест на правовироза и штенечак, а на кучињата со позитивен тест на лишманија и срцев црв ќе им биде дадена шанса да бидат преземни во рок од 48 часа, по што и тие ќе бидат еутанизирани. Покрај тоа, од Здружението „Анима Мунди“ реагираат и на скапи тестирања за кучињата за кои тие велат дека се несвојствени и за побогатите држави.

„Доколку е хумано, стандардизирано и изведено од стручни лица, доколку граѓаните кои се грижат за маалските миленици имаат доверба во ЈП Лајка, процесот ќе го помогнат и олеснат таквите граѓани. Заловувањето „кога никој не гледа“ индицира дека нешто се прави насилно, нехумано, што не би требало да се види и создава целосна недоверба во намерите на претпријатието и исходот по кучињата“, велат од „Анима Мунди“, коментирајќи го предвидениот термин за заловување од 01 до 06 часот.

Бараат и целосно укинување на предвидените резервати, истакнувајќи дека изолирањето на кучињата во природа е нехумано, оти како што велат тие, кучињата живеат таму каде што е човекот.

На 28 февуари лани Советот на Град Скопје ја усвои одлуката за формирање на „Лајка“. Новото јавно претпријатие се формираше бидејќи граѓаните и здруженијата за заштита на животните не беа задоволни од третманот на улични животни. Новото јавно претпријатие под своја надлежност во целост треба да ги преземе активностите за заловување на животните скитници, нивна стерилизација, ветеринарна грижа, регистрирање, како и процедурите за нивно вдомување.

XS
SM
MD
LG