Примирје, а десетици нови жртви во источна Украина
Лидерите на Русија, Украина, Франција и Германија во декември, минатата година, се сретнаа прв пат по три години и се согласија на „целосна и сеопфатна имплементација“ на договорот за прекин на огнот во источна Украина. Но тоа не се случува на терен. Во јануари, убиени се 11 украински војници.