Претседателот Трамп доби решавачка поддршка од Републиканците за да ја порази најголемата закана во неговото тригодишно претседателствување.
Трамп кој е третиот американски лидер што некогаш е ставен пред суд во Сенатот, лесно ги победи напорите на демократите за да го избркаат од функцијата затоа што нелегално побарал помош од Украина за да ги зајакне неговите реизборни напори во 2020 година.
Сенаторот на Јута, Мит Ромни беше единствениот републиканец што ги мина партиските редови, гласајќи за осуда за злоупотреба на службената должност.
Но, Ромни застана на страната на републиканското мнозинство во врска со обвинувањето за опструкција на Конгресот.
Претставничкиот дом под контрола на демократите го отповика Трамп на 18 декември за задржување на воената помош на Украина со цел да изврши притисок врз Киев да покрене истрага против неговиот политички ривал Џо Бајден.
Импичментот на 45-от американски лидер фрли остра светлина врз политичката поделба во Америка.
Ненси Пелоси, претседател на Претставничкиот дом и лидер на демократите во Конгрес, рече дека со расчистување на Трамп републиканците добија „нормализирано беззаконие“.
„Не може да има ослободителна пресуда без судење и нема судење без сведоци, документи и докази. За жал, поради предавството на Уставот во Сенатот, претседателот останува постојана закана за американската демократија“.
Лидерот на демократите во Сенатот Чак Шумер пак оцени:
„Отсекогаш знаевме дека станува збор за тешка борба. Никој немаше илузии дека претседателот ќе биде осуден. Но, ја водевме борбата за вистината и ја направивме борбата со факти. И тоа создаде двопартиски импичмент кој никогаш не може да се избрише од историјата. Никогаш“.
Лидерот на републиканското мнозинство во Сенатот Мич Меконел пак оцени дека демократите направиле голема политичка грешка.
„Можам да ви го кажам ова, сега, ова е политичка загуба за нив. Тие го иницираа тоа. Тие сметаа дека ова е одлична идеја, барем за краток рок, но тоа е колосална политичка грешка“.
Ваквата пресуда на Сенатот, според посматрачите расчисти една голема пречка за Трамп во неговата кампања за реизбор во ноември.
Тој веднаш твитна монтажа на која се прикажува лажна насловна страница на списанието „Тајм“, во која тој е прогласен за „претседател за цела вечност“.