Трамп за себе: „претседател за вечност“
Американскиот Сенат го ослободи претседателот Доналд Трамп од двете обвинувања за злоупотреба на службената должност и за опструирање на Конгресот, по историското двонеделно судење за негово отповикување. Сенатот со републиканско мнозинство гласаше 52 спрема 48 за ослободување на Трамп од обвинувањето за злоупотреба на службената должност и 53 спрема 47 да го ослободи од опструкцијата на Конгресот.