Достапни линкови

Планот на Трамп – историска можност или голем заговор


Планот на Трамп за Блискиот исток: пат кон мир или кон војна
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:08 0:00

Планот на Трамп за Блискиот исток: пат кон мир или кон војна

Претседателот на САД Доналд Трамп во вторникот предложи создавање палестинска држава како дел од неговиот блискоисточен мировен план. Палестинците пак го осудија планот поради тоа што им наметнува строги услови, меѓу другото и да му дозволат на Израел да ја задржи контролата врз Западниот брег.

„Денеска Израел презема голем чекор кон мирот“.

Претседателот на САД, Доналд Трамп застана заедно со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа за да ги открие контурите на долгоочекуваниот предлог, чија цел е да се стави крај на израелско-палестинскиот конфликт.

„Мојата визија претставува понудена можност за обете страни, реалистично решение за две држави што го решава ризикот од палестинската државност за безбедноста на Израел“.

Договорот предлага евентуално создавање палестинска држава со нејзин главен град сместен во она што Трамп го опиша како „источен Ерусалим“.

Но, имаше една страна што беше отсутна на церемонијата. Немаше палестински претставник.

И предлогот поставува услови што најверојатно се неприфатливи за Палестинците, бидејќи му дава на Израел она што го сакаат неговите лидери.

„Господине Претседател, вашиот договор на векот е можност на векот“.

Изреалскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го пофали планот на Трамп додавајќи:

„Вие го признавате суверенитетот на Израел над сите еврејски заедници во Јудеја и Самарија, големи и мали“.

Тој додаде дека со договорот се признава контролата на Израел врз значајни области на окупираните Западен Брег и долината Јордан.

Нетанјаху ги повика Палестинците да се откажат од тврдењата за обесправени бегалци во војната во 1948 година и да се откажат од тероризмот.

„Сакам овој договор да биде голем за Палестинците. Мора да биде“.

За да го заслади предлогот, Трамп рече дека тој ќе резултира со милијарди долари инвестиции за поддршка на палестинската економија.

„Нашата визија ќе донесе огромна комерцијална инвестиција од педесет милијарди долари во новата палестинска држава. Имате многу, многу земји што сакаат да учествуваат во ова“.

Планот е резултат на тригодишни напори што ги водеше високиот советник на Трамп и зет Џаред Кушнер.

Трамп рече дека на Палестинците им треба четири години да го проучат планот и да одлучат дали ќе го прифатат.

Тој постави твитови на англиски, хебрејски и арапски јазик што ги покажуваат границите на можната палестинска држава.

Мапите покажуваат необична крпеница на области во Западниот Брег, поврзани со патишта и градови што ги контролира Израел и планови за идните индустриски зони во делови од пустината Негев.

Но претседателот на палестинската власт Махмуд Абас вака го оцени планот:

„Ерусалим не е на продажба, сите наши права не се за продажба и не се за пазарење. И вашиот договор, заговор нема да помине".

Тоа беше покажано и на улиците во Газа каде што Палестинците палеа постери на Трамп.

Но, дури и ако мировниот план на Трамп не успее да добие поддршка од Палестинците, тоа би можело да се покаже политички корисно за израелскиот лидер во краток рок.

Најавата се случи само неколку часа откако Нетанјаху беше кривично обвинет за измама - обвиненија што тој ги негира.

Но, тој им покажа на израелските гласачи дека може да се ракува со американскиот претседател, без притоа да се обврзува на какви било отстапки за Палестинците.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG