Достапни линкови

„Здравјето пред профитот“ - порака на зелената револуција


Зелена револуција протест против загадувањето во Скопје
Зелена револуција протест против загадувањето во Скопје

Вкупно 250 барања доставија до владата група на граѓани и претставници на невладини организации кои денеска искочија на протестен марш. Тие бараат да се решат проблемите на 12 жешки точки кои досега ниту една влада не ги решила.

„Наведната глава сабја не ја сече ама рак ја убива“, „Здравјето пред профитот“, „Немаме резервна планета“ и „Нема воздух нема мир“ беа дел од пораките кои на транспаренти ги носеа граѓаните кои во знак на револт денеска маршираа за чист воздух од Министерството за животна средина до Владата. Стотици граѓани, мали дечиња, велосипедисти и млади обединети под името „Зелена револуција“ се приклучија на инцијативата „Fridays for Future“

Само во нашата земја протестот против климатските промени е преименуван во протест за „Чист воздух“ , рекоа дел од активистите кои на бината пред владата држеа говор. Дел од говорниците претежно средношколци порачаа дека мерките за справување со аерозагадувањето на оваа, а и секоја претходна влада делуваат само кога дува ветер.

„Овој проблем не се решава со криење во оваа прегадна шампита. Можеби наведната глава сабја не ја сечи, меѓутоа наведната глава добива рак на плуќа од ПМ10 честици“,изјави Јана Василевска од иницијатива „Fridays for future“.

Еден од говорниците Коста Барсов, пред Владата порача дека доколку не се воведат итни метри против аерозагадувањето, овој масовен протест ќе биде само почеток. Тој смета дека нерешавањето на проблемите со загадувањето го прекршува уставното право за здрава животна средина.

„На нив не им е гајле што мораме да носиме маски, не им е гајле што живееме како во Чернобил“ изјави тој.


Демонстрантите поднесоа 250 барања со конкретни мерки во повеќе сектори до Владата. Активисти од десетина невладини организации и разни граѓански иницијативи бараат од државата сериозни промени и почиста животна средина.

Невена Георгиевска од О2 иницијативата посочи дека пред четири години на ова место имаше протест за чист воздух, а дел од тие организатори повторно се тука, но дел се во Владата.

„Денеска ни кажуваат дека проблемот бил комплексен, дека се решавало, дека им требало време а ние го знаевме тоа.Тие ветуваа дека имаат решение, но еве после две години гледаме дека немаат решение. И бидејќи знаме дека проблемот е комплексен направивме една програма во чекори како треба да се решава тој проблем. Таа прерасна во книга. Поделена е во чекори и сектори со рокови на исполнување “ изјави Георгиевска.


Таа додаде дека оваа книга ќе им ја врачат денеска на функционерите за да има што да читаат за викендот.

„Пред точно три години еден мој пријател напиша отворено присмо до тогашниот градоначалник во предложи мерки за справување со загадување. Тој со месеци се бореше со рак на белите дробови. Денеска тој пријател го испративе, ја изгуби својата битка, тука сме да нема повеќе вакви тажни приказни“ вели Георгиевска.

Таа додаде дека според најновите податоци од Институтот за јавно здравје регистрирани во 20018 година се 3900 од кои 850 починале од овој вид на рак. Мерките на политичарите вродуваат со плод само кога дува ветер велат активистите.

Забрана за увоз на гуми и друг отпад, забрана за откуп на старо железо, да не се палат гуми, поставување на монтажни живеалишта за лицата без дом и нивна интеграција во општеството, ред закони кои со години чекаат подготвени, меѓу кои законот за почви, бидејќи јадеме храна мислејќи дека е здрава, а не полна со отрови, закон за комунална полиција, се дел од барањата на активистите.

На социјалните мрежи со фотографии од протестите своето присуство го прикажаа и претставници на опозицијата.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG