Достапни линкови

Марш за чист воздух - #ЗеленаРеволуција


Активистите организираат протестен марш против аерозагадувањето, кој во 17 часот ќе започне пред Министерството за животна средина и просторно планирање, а ќе заврши пред Влада.

„Ние, обединети граѓански активисти од Скопје, Битола, Тетово, Гостивар, Струмица, Ново Село, Струга, Охрид и други градови и населени места, кои застанавме зад организацијата на Марш за чист воздух – #ЗеленаРеволуција, бараме исполнување на барањата кои се плод на долгогодишна граѓанска активност и иницијативи за подобрување и решавање на многубројните проблеми со загадување и уништување на просторот во кој живееме во нашата земја“, истакнуваат од граѓанските организации.

Барањата, сметаат тие, се остварливи, конкретни со рокови и одбрани по темелна анализа, затоа очекуваме посветеност и сериозно внимание за секое од нив.

„Не прифаќаме одговори дека ќе или се работи, дека е долготраен процес, најмалку дека треба да имаме разбирање зошто процесот е комплексен, тоа го знаеме – затоа и го разделивме на конкретни активности и барања во секоја област. Несфатливо е одолговлекување на конкретни активности како носење на закони кои стојат готови и чекаат одлука, некои и по пет години, како Законот за почва на пример“, се потенцира во соопштението од О2 Иницијатива.

За граѓанските организации е несфатливо кочењето на одредени активности поради нефункционалност на една или две алки во системот, несфатливо е неспроведување на актуелни закони од една или друга институција или причина.

Маршот, посочуваат тие, е граѓански, мирен, натпартиски, мултикултурен и притоа се оградуваат од секакви политички влијанија. Секој е добредојден, велат организаторите, но без партиски обележја. Оваa заедничка платформа, најавуваат граѓанските активисти, е само почеток и е производ на сите облици на граѓански активизам од годините наназад, поединечен или организиран, сплотен со младешката енергија на оние за кое ова го бараме, за нашата иднина.

XS
SM
MD
LG