Достапни линкови

Каталонците на улица по пресудата на Врховниот суд


илустрација
илустрација

Врховниот суд на Шпанија издаде европска потерница за поранешниот лидер на Каталонија Карлос Пуџдемон, по изрекувањето на казната за девет други каталонски политичари и активисти за нивната улога во обидот за отцепување од Шпанија. Ваквата одлука предизвика протести низ улиците на Барселона

Врховниот суд на Шпанија денеска осуди 12 истакнати поранешни каталонски политичари и активисти на долги затворски казни за нивните активности во обидот во 2017 година да се добие независност за Каталонија, предизвикувајќи протести низ богатиот шпански регион.

Одлуката која следува по четиримесечниот судски процес ги налути поддржувачите за независност во североисточниот регион што граничи со Франција, каде идентитетот на Каталонците е страстен проблем. За неколку часа, полицијата се судри со демонстрантите кои се собраа на аеродромот во Барселона. Метро линијата до аеродромот е затворена, а протестите го зафатија и сообраќајот по пристапните патишта до него.

Деветмина од Каталонците кои беа судени за нивните напори да постигнат независност добија меѓу 9 и 13 години затвор за заведување. Четворица од нив се дополнително осудени за злоупотреба на јавните средства, а уште тројца се казнети за непослушност.

Уставот на Шпанија пропишува дека земјата не може да се подели. Премиерот Педро Санчез изјави дека пресудата на судот докажала дека обидот за отцепување во 2017 година бил „бродолом“. Тој ги повика луѓето да ги тргнат настрана екстремистички позиции и да тргнат во нова фаза за Каталонија.

„Властите ќе одговорат цврсто на секој обид за кршење на законот“, рече Санчез во своето телевизиското обраќање, откако илјадници луѓе им се придружија на протестите. Некои демонстранти држеа транспаренти на кои пишува: „Бесплатни политички затвореници“.

Шпанските власти распоредија стотици дополнителни полицајци во регионот во очекување на пресудата. Незадоволните граѓани излегоа на улица.

„Денес тие ги прекршија сите права. Ужасно е тоа што Европа не реагира“, вели 60-годишниот државен службеник Бени Сабал, еден од присутните напротестот на улица во Барселона.

Но, пензионираниот 73-годишен службеник во банка, Јорди Казарес пак, изјави дека не е изненаден од пресудата.

„Тоа е фер затоа што тие излегоа надвор од законот. Се надевам дека по неколкудневната бура од страна на сепаратистите ситуацијата може да се подобри”, вели Казарес.

Регионалниот претседател на Каталонија, Ким Тора пресудата ја опиша како „акт на одмазда“.

Шпанскиот министер за надворешни работи, Јoзеф Борел кој наскоро треба да стане врвен дипломат на Европската унија, побара напори за политичко и социјално заздравување бидејќи напорите за независност се осудени на пропаст.

„Не постои единствен устав на Европа што обезбедува можност унилатерално да се создаде независност на дел од територијата“ изјави Борел за Асошиејтед Прес.

Во својата пресуда, седумте судии на Врховниот суд напишаа дека она што каталонските водачи го претставија како легитимно остварување на правото на одлучување, всушност било „мамка“ да ги мобилизира граѓаните и да изврши притисок врз шпанската влада да даде референдум за независност.

Судија на Врховниот суд подоцна издаде меѓународна потерница за поранешниот лидер на Каталонија, Карлес Пуџдемон, кој со неколкумина други избега во Белгија во октомври 2017 година, кога беа повикани да се појават на суд.

Каталонија има овластувања да управува со своите затвори, за разлика од останатите региони во Шпанија. Тоа значи дека регионалните власти можат да им дозволат на затворениците да ја поминат ноќта во затвор од понеделник до четврток, а остатокот од времето да бидат дома. Меѓутоа, таквиот чекор за денешните осуденици веројатно ќе покаже правни предизвици.

Во судскиот процес учествуваа над 500 сведоци, меѓу кои и поранешниот премиер Маријано Рахој и 50 национални сослушувања на телевизија.

Во Каталонија се одржа референдум за независност на 1 октомври 2017 година и покрај противењето на централната власт во Мадрид, а потоа беше прогласена независност на 27 октомври, што пак го натера тогашниот премиер на Шпанија, Маријано Рахој да ја прекине автономијата на регионот, да ја собори неговата влада и да го распушти парламентот.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG