Достапни линкови

Градот бара асистенти за средношколци со посебни образовни потреби


Град Скопје денеска објави Јавен повик за ангажирање 16 асистенти за потребите на учениците со посебни образовни потреби во Средните училишта на Град Скопје.

Сите евидентирани невработени лица, информираат од Градот, што се заинтересирани да се вклучат во програмата општинско-корисна работа во рамките на проектот „Поддршка на инклузијата во образовниот процес- унапредување на правата и можностите за ранливите категории граѓани во Град Скопје“ можат да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување на Град Скопје, од 5 до 16 август.

„Лицата што ќе бидат избрани ќе бидат ангажирани 20 часа неделно за период од девет месеци и ќе им биде исплатен паричен надоместок за работно ангажирање во висина од 9.000 денари месечно, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување предизвикано од повреда на работа и професионална болест“, соопштија од Град Скопје.

Оттаму дополнуваат дека евидентираните невработени лица што ќе се пријават за учество во програмата, треба да припаѓаат на една од следниве целни групи невработени лица: долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над пет години); млади лица до 29 години; лица над 50 години; лица корисници на право на парична помош од социјална заштита или корисници на паричен надоместок по основ на невработеност; лица кои биле корисници на Програмата условен паричен надоместок за средно образование; лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа; жртви на семејно насилство; жени припадници на ромската етничка заедница; самохрани родители; родители на деца со пречки во развојот и родители на три и повеќе деца.

Целта на проектот е овие лица да се стекнат со вештини и постепено да се вклучат на пазарот на труд.

XS
SM
MD
LG