Достапни линкови

Грција пред изборите, економијата главна тема


Што е во игра на предвремените избори во Грција?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:36 0:00

Што е во игра на предвремените избори во Грција?

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во вторникот потврди дека на 7-ми јули ќе се одржат предвремени парламентарни избори. До ова доаѓа по неуспехот на неговата левичарска партија Сириза на европските и локалните избори. Меѓутоа, што изборите и носат на Грција?

Грчкиот премиер Алексис Ципрас и неговиот главен противник Киријакос Мицотакис веќе се подготвуваат за предвремени избори во почетокот на следниот месец.

Ципрас се бори за својот политички опстанок откако неговата Сириза, која во 2015 година триумфално влезе на грчката политичка сцена, изгуби на годинашните локални избори и оние за европарламентот.

Грчкиот аналитичар Јоргос Флесас вели:

„Резултатите од неодамнешните избори беа многу разочарувачки за Сириза. Владата загуби околу петстотини илјади гласачи во споредба со септември 2015 година“.

Според него Сириза не успеа да ги исполни очекувањата на гласачите, за разлика од опозициската Нова демократија.

„Пред претстојните избори „Нова демократија“ има јасна предност, што значи дека разлика од Сириза околу 10 насто. И исто така има и јасна стратегија, стратегија која е многу привлечна за луѓето кои ја поддржуваат „Нова демократија“.

Флесас додава дека новата влада је чекаат големи предизвици:

„Предизвиците на новата влада ќе бидат следниве: првиот е обнова на економијата преку странски директни инвестиции, создавање нови работни места и третиот е намалување на даноците“.

Токму тоа, односно намалување на даноците и привлекување на инвестиции со цел да се постигне побрз економски развој го ветува и лидерот на Нова демократија, Киријакос Мицотакис.

Грчката влада пак, во минатиот месец воведе извесни даночни олеснувања, потег што се смета за удар врз воведените мерки за штедење, но тоа како да дојде предоцна и не доведе до очекуваниот ефект на изборите за Сириза.

Грција излезе од тесниот надзор на доверителите во август 2018 година.

Колку за потсетување, неполн месец откако 44 годишниот Ципрас дојде на власт во 2015 година, на ветувањата против строгите мерки за штедење, беше принуден да побара странска финансиска помош.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG