Достапни линкови

Обединети европски националисти?


Европските националисти се обединуваат
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:13 0:00

Европските националисти се обединуваат

Италијанскиот вицепремиер Матео Салвини во Милано беше домаќин на состанокот на националистички, антиимигрантски партии од Европа во обид да покаже унифициран фронт пред изборите за Европскиот парламент во идниот месец.

Националистичките и екстремно десничарските политички партии од Европска унија се обидуваат да формираат нов единствен гласачки блок за изборите за европарламентот.

Ако успеаат, тие се надеваат дека ќе имаат големо влијание да го обликуваат раководењето на Европската унија.

Тоа ќе биде за прв пат откако Унијата е формирана пред 60 години.

Италијанскиот заменик премиер Матео Салвини притоа оцени:

„Денес за многу граѓани и многу луѓе Европската унија е кошмар, а не сон. Ние работиме на тоа во центарот на дебатата да ги донесеме работата, семејството, безбедноста, заштитата на животната средина и иднината на младите луѓе. Ние тоа го правиме преку алтернативни движења на оние кои владееле во Европа во овие децении“.

Салвини освен по антимиграциската политика е познат по тоа што се залага за напушатње на преговорите со Турција за зачленување во Унијата и за укинување на санкциите врз Русија.

Со него се согласува и претседателот на Алтернатива за Германија Јорг Мејтен:

„Матео веќе објави што сакаме да смениме со нашата група. Сакаме да ја реформираме Европската унија, сакаме да го реформираме Европскиот парламент, без да ги уништиме. Ние сакаме да донесеме радикални промени, така што Европската унија може да ги зајакне земјите-членки“.

Изнаоѓањето единство меѓу овие различни партии беше тешко во минатото.

Додека тие генерално ги делат анти-имиграционите чувства, на други теми, како што се социјалните програми и економските политики, често има големи разлики.

На пример, иако Салвини се смета за движечка сила во обидот да се создаде сојузништво, партијата Алтернатива за Германија ги отфрли плановите за големи буџетски трошоци на Италија.

На состанокот имаше и две многу значајни отсуства.

Имено, во Милано не дојдоа Јарослав Качински, лидерот на полската владејачка Партија на правото и правдата и неговиот сојузник, унгарскиот премиер Виктор Орбан, со што се поставува прашањето дали тие воопшто се подготвени да и се приклучат на оваа група.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG