Со месеци во САД, пратениците, активистите, новинарите, граѓаните, а пред сѐ, претседателот Доналд Трамп, нервозно чекаат да го дознаат исходот од политички најексплозивната криминална истрага на генерацијата. На 22 март, специјалниот советник Роберт Милер го сигнализираше крајот на речиси двегодишната истрага, поднесувајќи го финалниот извештај до шефот на Одделот за правда, јавниот обвинител Вилијам Бар.
Во моментов не е познато што содржи извештајот. Тоа би можело да сигнализира дека ќе претстојат нови обвиненија, иако преку некои првични извештаи објавени во медиумите не се најавува такво нешто.
Овој извештај може да изнесе план за тоа како Трамп и неговите најблиски соработници се обиделе да соработуваат со руски официјални претставници за да ја задушат кампањата за претседателските избори во 2016 година. Може и да го обвини Трамп дека се обидува да ја попречи тековната истрага на ФБИ со отпуштање на тогашниот директор Џејмс Комеј во мај 2017 година - настан што доведе до назначување на Милер. Извештајот може да доведе и до посочување на некои постапки направени од поединци кои можеби не се кривични дела, туку можат да бидат основи за идни случаи или истраги што би ги спроведувал Конгресот.
Или пак, може да не содржи ништо од овие работи.
Без оглед на се, наодите од извештајот на Милер ќе ја одредат судбината на следните две години од мандатот на администрацијата на Трамп и дали тој ќе бара реизбор.
Еве брз поглед на она што следува:
Одлуката на Бар
Законот според кој беше одредена работата на Мулер беше јасен за едно нешто: Од него се бараше да поднесе конечен извештај до Министерството за правда на крајот на истрагата, нешто што Бар го потврди на 22 март. Законот и прописите на Одделот за правда беа помалку јасни во однос на тоа колку од тој извештај треба да се објави.
Во своите претходни рочишта годинава пред Сенатот, за тоа дали ќе биде потврден како државен обвинител, Бар внимателно одговори на прашањата за неговиот став за јавното објавување на извештајот.
„Јас... верувам дека е многу важно јавноста и Конгресот да бидат информирани за резултатите од работата на специјалниот совет. Мојата цел ќе биде да обезбедам онолку голема транспарентност колку што дозволува законот“, изјави пред сенаторите.
Но, во таа изјава има многу простор за толкување.
Тој исто така беше прашан за т.н. "одлуки за одбивање", каде што Милер може да објасни зошто тој и неговиот тим не одлучија да обвинат лице. Самото споменување на името на едно лице во таков извештај може да биде штетно политички, или дури со тоа да направат основа за Конгресот да почне истрага.
„Како што се сега правилата, мислам дека тие укажуваат дека специјалниот бра нител ќе подготви сиже од извештајот за сите одлуки за казнен прогон или за негово одбивање, а тоа ќе биде доверливо и ќе биде третирано како која било друга декларација или казнен материјал во одделот“, изјави тој.
Во писмото што го објави Министерството за правда, Бар напишал дека ќе се сретне со заменикот на главниот државен правобранител Род Розенстајн и со Мулер за да “бидат утврдени кои се другите информации кои можат да бидат објавени во јавноста и пред Конгресот, а согласно законот“.
Ќе има повеќе обвиненија?
Откако во мај 2017 година од ФБИ ја преземаа веќе постоечката истрага, Мулер и неговиот тим поднесоа повеќе обвиненија, меѓу кои и обвиненијата против поранешниот шеф на изборната кампања на Трамп, против првиот советник за национална безбедност на Трамп, како и против претставници од пониските нивоа на кампањата, а да не зборуваме десетина агенти од руската воена разузнавачка агенција, ГРУ.
Во овој момент е прерано да се каже и тоа дали крајот на работата на Милер значи и ослободувања од обвиненија. Недолго откако извештајот беше предаден на Министерството за правда, "Њујорк тајмс", "Си-Ен-Ен" и други медиуми, цитираа официјален претставник на Министерството, кој рекол дека во нема нови обвиненија, иако нема официјална потврда за тоа.
Милер исто така испитува дали Трамп се обидел да ја попречи правдата кога го отпушти директорот на ФБИ Комеј во мај 2017 година - постапка што доведе до назначување на Милер. Трамп и неговиот адвокат тврдат дека како претседател, тој има широк авторитет за вработување и отпуштање, но некои правни експерти рекоа дека ако Трамп го отпуштил Комеј за да го спречи истражувањето - тоа би било кривично дело.
Исто така, можно е дека Милер веќе поставил правна основа за други обвиненија на други локации, кои би продолжиле и покрај тоа што Милер ја завршил својата работа. Претходните напори на Милер, на пример, доведоа до тоа долгогодишниот личен адвокат на Трамп, Мајкл Коен, да биде обвинет за разни финансиски кривични дела. Коен на крајот се изјасни за виновен во замена за негова помош во други истраги.
И некои правни експерти укажаа на мистериозните, запечатени поднесоци до разни судски органи како можни индикации дека Милер веќе оставил зад себе обвиненија за да бидат откриени подоцна, иако немаше потврда за тоа.
Тука се и државните истраги. Во државата Њујорк, каде што се наоѓа главната корпорација на Трамп, агенциите за спроведување на законот и регулаторите веќе отвориле истраги за некои бизниси на Трамп и за неговите добротворни фондации. Тие истраги ќе продолжат без оглед на работата на Милер.
Што со Конгресот?
Откако ја презеде контролата врз Претставничкиот дом во ноември, конгресните демократи сигнализираа дека имаат намера да бидат далеку поагресивни во истрагите на администрацијата на Трамп, по прашањето за Русија, но и за други прашања. Најмалку три комисии веќе почнаа да свикуваат сведоци и да поднесуваат документи за поднесување жалби. Иако прашањето за тоа колкав дел од извештајот на Мулер ќе биде јавно објавен, Конгресот испрати силен двопартиски сигнал, кога претходно месецов едногласно гласаше 420 на 0, информациите да бидат јавно достапни.
Подоцна, на 22 март, по објавувањето на писмото Бар, кое го потврди приемот на извештајот, двајцата највисоки демократи во Конгресот - претседателот на парламентот, Ненси Пелоси и лидерот на малцинството во Сенатот, Чак Шумер, изјавија дека е "императив" извештајот да се објави.
"Американскиот народ има право на вистината", рекоа тие во заедничката изјава.
"Сакаме целосен извештај, го сакаме сега. Го сакаме пред претседателот да може да направи какви било промени", рече демократот Ерик Свалвел во изјава за Си-Ен-Ен.
Во меѓувреме, републиканскиот лидер на Сенатот, Мич Меконел, рече дека ја поздравил најавата за завршувањето на истрагата на Милер.
"Многу републиканци веќе долго време веруваа дека Русија претставува значајна закана за американските интереси. Се надевам дека извештајот на Специјалниот советник ќе помогне да се информираат и да се подобрат нашите напори за заштита на нашата демократија ", се вели во соопштението на Мекконел.
Во меѓувреме, значителен број демократи отворено повикаа на импичмент на Трамп.
Не заборавајте на Трамп!
Трамп ја исмејуваше истрагата на Милер како "лов на вештерки", инсистирајќи на тоа дека немало дослух меѓу него и руски официјални лица. Не го признаваше тимот на Мулер, а го разлути и претходникот на Бар, Џеф Сешанс, кој се откажа од надзор на Милер на почетокот, што резултираше со преземање на работата од страна на Розенштајн. И тој го нападна Комеј, директорот на ФБИ, кој беше задолжен за истрагата. Трамп на крајот го отпушти Комеј.
Првата непосредна реакција на Белата куќа за поднесувањето на извештајот, изнесена од портпаролката Сара Сандерс, беше воздржана:
"Следните чекори се на јавниот обвинител Бар, и ние очекуваме процесот да оди по својот тек“, рече таа.
Бар е одговорен кон Трамп како претседател, а некои набљудувачи велат дека се зголемува можноста адвокатите на администрацијата на Трамп да можат да се обидат да побараат извршна привилегија да го запрат јавното објавување на сите деградирачки елементи во извештајот.
Зависно од тоа како ќе се одвива работата понатаму, можат да се случат и серија големи уставни битки кои дури би можеле да одат и до Врховниот суд, кој ќе биде принуден да одлучи за опсегот на претседателската моќ наспроти конгресната власт.
Не заборавајте: Следните претседателски избори во САД следната година.