Протест пред Собранието против уставните измени за промена на името на државата, организиран од групата „Македонија блокира.“ Демонстрантите извикуваа „Македонија, Македонија“ и „Оставка“, наведувајќи дека никој нема право да го промени уставното име на земјата и идентитетот.