Достапни линкови

Народното пеење како начин на зачувување на идентитетот


Тетовци преку песна го чуваат идентитетот
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:11 0:00

Тетовци преку песна го чуваат идентитетот

Малкумина останале во тетовско кои негуваат традиционален начин на пеење. Тие велат дека нема кому да му го остават наследството, оти младите не го сакаат фолклорот и, како што велат, просто се срамат од ваквото пеење.

„Море не је свадба, ниту је кавга“, пеат жители од тетовски села. Традиционалното пеење веќе ретко може да се сретне. Во тетовско има група од дваесетина повозрасни жители на повеќе села, кои спаѓаат меѓу малкумината кои знаат на ваков начин да ги исполнуваат песните посветени на љубовта, свадбите, татковината.

Раде Србиновски вели дека стилот на пеење тие го научиле од нивните дедовци, но сега синовите и внуците не го сакаат овој фолклор.

„Нема кој да не замени после нас. Ние се трудиме, ете ќе се појават некои деца, како што беа од Теарце, нешто да им помогнеме, да им објасниме за песните, да ги поттикнеме малку. Почнаа, но еве ги малку па се изгубија. Од песните можам да кажам имаме многу, многу. Не можеме да ги испееме. Не можеме да ги претставиме на помлади. Така што полека, полека изумираат овие песни што младината просто им е срам. Велат, еј па вие како пеете, па ова не може секој да го пее“, објаснува Раде Србиновски.

Велика Стојкова Серафимовска, етномузиколог од Институтот за фолклор Марко Цепенков, вели дека е особено важно да се зачува традиционалното пеење бидејќи го претставува идентитетот на еден народ.

Доколку им се објасни на помладите што значи таа традиција, дека не е само една обична песна, дека тоа значи наследство од бабите од дедовците. Дека тоа означува континуитет на нивниот идентитет на нивната врска како Македонци како припадници на тетовскиот регион како тетовчани. Тогаш ние сметаме и би требало така да биде да и младите повеќе ќе се интересираат. Бидејќи ќе го сфатат тоа како еден вид на културно наследство, нивна оставштина на нивните предци. Она што значи идентификување. Нашата работа како научници е да документираме, да архивираме, да анализираме и да промовираме и секако да помагаме.Затоа што еден од важните начини е да се пренесе во изворна форма. Да не се пренесува толку од снимки, од записи. Туку од колено на колено како што било во минатото. Таа трансмисија, тоа пренесување да биде по природен пат“, рече таа.

Овој вид на пеење е специфично за тетовско, полифоно или со два гласа. Се нарекува гласачко.

„Она што како нематеријално културно наследство го одредува овој вид на пеење за исклучително важен не е само неговите музички карактеристики, не e само тие односи меѓу двата гласа горниот и долниот. Значи оној кој што виши и оној кој што слага, туку станува збор за еден подлабок елемент, а тоа е социјалниот аспект. Преку песните се пренесуваа историјата, се пренесуваат обичаите, се пренесуваат верувањата, а тоа се состои во самите текстови на песната кои што често имаат и митолошка, епска позадина, но има и свадбени песни. Понатаму имало обредни песни.“

Во организацијата на Агенцијата на Обединетите нации за образование, наука и култура -УНЕСКО, двогласното машко пеење наречено гласачко во декември 2015 година беше впишано во листата на заштитени добра како нематеријалното културно наследство.

XS
SM
MD
LG