Достапни линкови

Наместо да скитаат по Широк Сокак, средуваат сокачиња


Млади во Битола учествуваат во акција за уредување на сокачиња низ градот, со цел да ги разбијат стереотипите дека се апатични и по цел дел пијат кафе на Широк Сокак.

Млади од Битола се вклучија во акцијата за средување на сокачиња низ Битола за да покажат дека не се мрзливи и не пијат по цел ден кафе на Широк Сокак туку дека знаат да работат и да придонесат за општеството.

Наместо да пиеме кафе на Широк Сокак и кажано по битолски да скитаме (шетаме), се фативме за работа да го средиме чикмачето (сокаче) кај Бела Чешма да ни биде убаво и ние тука да доаѓаме, да се дружиме. Го викнавме локалното население, дојдоа и повозрасни ни кажаа како да работиме и бевме задоволни“, рече Надица Коловска, средношколка од гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола.

Таа е дел одгрупата предводена од Младинската невладина организација „Форум 16“ што си зеде за задача да се спротивстави на гласините што се шират дека младите се мрзливи, апатични, неработливи и дека по цел ден пијат кафе на Широк Сокак.

„Лани ОБСЕ формира работна група од граѓански асоцијации кои требаше да работата на идентификување на гласини. Гласините креираат стереотипи, дискриминации и можат да доведат до говор на омраза. Не интересираа негативните стереотипи кои се однесуваат на младите. Младите беа идентификувани како мрзливи, апатични, неработливи токму затоа што сите овие години циркулираат гласини дека младите се постојано на интернет, постојано пијат кафе на Широк Сокак“, рече Наташа Чавдаровска, претседател на НВО „Форум 16“.

За да се разбијат овие стереотипи и да се престани со генерализација на работите, оваа младинска организација спроведе кампања „Гласно сокаче - будно чикмаче“ во која се зафати да го уреди урбаниот простор кај месноста нарече Бела Чешма во Битола. Ова е сокачекое како собиралиште на битолчани во минатото е опеано во повеќе песни за Битола, а во поново време беше запуштено.

„Објавивме јавен повик и побаравме да се пријават луѓе кои споделуваат заедничка вредност со сите останати граѓани, а таа вредност одлучивме да биде Битола, градот кој сакаме да го подобриме и духовно и физички. Се пријавија петнаесетина млади лица со кои организиравме работилници на кои ги запознавме што се тоа гласини и колку можат да бидат штетни доколку не се доволно проверени. Избравме урбан простор за уредување и нив процесот на работа успеавме да докажеме дека не сите млади се мрзеливи, туку дека има и млади кои знаат да планираат и да организираат одредени активности и да придонесат во општеството“, рече Чавдаровска.

Една од целите беше да се мотивираат младите да се вклучат волонтерски во разубавувањето на градот, но и да се поттикне меѓугенерацискиот дијалог зашто по уредувањето на местото заедно со постарите жители од околните маала одиграа и по некоја партија бељот.

  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG