Поранешниот капетан и долгогодишен конгресмен Жаир Болсонаро е избран за претседател на Бразил, ветувајќи фундаментална променаво политичкиот правец на оваа голема латиноамериканска земја.
И покрај критиките за неговата отворена поддршка за мачењата што ги користеше поранешниот воен режим на Бразил, како и за неговите ставови кои се сметаат за расистички и хомофобични, Болсонаро успеа да ја искористи длабокиот бес на гласачите поради корупцијата, криминалот и економската криза во Бразил.
„Ние ќе ја смениме судбината на Бразил заедно“, рече тој во својот победничкиот говор, емитуван во живо од неговиот дом на Фејсбук, платформата што ја користеше за кампањата, откако напаѓач го прободе во стомакот на митингот на 6-ти септември.
Седејќи покрај својата сопруга тој изјави:
„Вие сте мои сведоци, дека ќе бидам застапник за одбрана на уставот, на демократијата, на слободата. Ова е мое ветување, тоа не е на политичка партија, тоа не е збор на еден човек, тоа е заклетва на Бога“, рече тој додавајќи:
„Не можеме да продолжиме да флертуваме со социјализмот, комунизмот, популизмот и екстремизмот на левицата“.
Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп го повикал Болсонаро за да му ја честита победата.
Некои Болсонаро го нарекуваат „Тропски Трамп“, бидејќи тој јавно му се восхитувал наамериканскиот претседател.
Од друга страна, голем е очајот кај приврзаниците на неговиот ривал.
Фернандо Хадад, поранешен градоначалник на Сао Паоло, рече дека ќе се бори за „да ги брани слободите на 45 милиони луѓе кои гласаа за него, откако Болсонаро во кампањата вети дека ќе го „исчисти“ Бразил од „црвените“.
„Ние имаме одговорност да создадеме опозиција, ставајќи ги интересите на целиот Бразилски народ над сè друго“.
Политичките аналитичари и активисти оценуваат дека сега бразилската демократија е во целосна криза. Хадад беше своевидна замена за популарниот, но затворен, поранешен претседател Луиз Инасио Лула да Силва, кој го предводеше Бразил низ годините на развој од 2003 до 2010 година.
Тој е во затвор заради залоупотреба на својата функција во неколку финансиски афери.
Сегашниот претседател, десничарот Мишел Темер, кој треба да ја напушти функцијата како најнепопуларен лидер во модерната историја на Бразил, му честиташе на Болсонаро и рече дека процесот на транзиција ќе започне веднаш.
Болсонаро ќе ја преземе функција на 1 јануари.