Достапни линкови

Тетово „валкано“ во очите на странците


Канта со отпад во Тетово.
Канта со отпад во Тетово.

Жули Шамберле од Канада и Олга Спиридонова од Молдавија се мажени за тетовци и неколку години живеат во Тетово. Како странци, им смета загадувањето и нечистотијата во градот.

Фрлените отпадоци по улици и загаденоста на воздухот се работите на кои не можат да се навикнат и да ги прифатат луѓето од странски земји кои се преселени во Тетово.

Жули Шамберле од Канада и Олга Спиридонова од Молдавија велат дека комуналната нехигиена е најголемата неповолна промена со која се соочуваат за разлика од градовите и земјите каде живееле или работеле.

„Негативно за сите овде е загадувањето и ѓубрето. Тешко ми е и жал ми е за тоа, бидејќи многу е негативно за квалитет на живот овде. Навистина, од ден на ден се гледа дека немажелба за справување со тоа.Тоа е проблем за сите странци, ама и за сите кои живеат тука. Друг проблем исто така се и животните на улица. Ние немаме кучиња, мачки по улици“, вели Жули Шамбереле.

Невообичаено е за мене што градот е нечист. Се гледа многу ѓубре по улиците. Не ми се допаѓа тоа, во мојата земја, нема такво нешто“, изјави Олга Спиридонова.

Жули живеела во големи градови во Канада и Франција, за кои Тетово е драстично помало место, но токму тоа за неа е голема предност.

Во мал град сè може да се прави пешки или со точак. Мене тука не ми треба кола. Во Канада и Франција каде живеев, можеш да одиш со точак, ама после тоа ти треба кола, метро или трамвај. Овде секаде може да се стигне пешки. Многу е плус за живот. И Македонија како земја е многу блиску до други земји. Кај нас три дена со кола и уште си во Канада, разлика е голема“, рече Жули.

Олга раскажува дека и недостига свежа риба во Тетово.Од друга страна за Жули најдобри во Тетово се свежите сезонски овошја и зеленчукот.

„Ми треба повеќе риба, не можам да најдам свежа риба како во мојата земја. Нема многу избор. Тука на пример се јаде многу грав. Правиме и ние, но на поинаков начин како каша со кромид и слично“, рече Олга.

„На зима има нешто, во лето има нешто сега во сезона, на пример патлиџани, шопска салата. Малку е клише, ама вистина е дека овошје, зеленчук не се нарекува био, ама се био (природни) овде“, објаснува Жули.

Жули предава француски јазик, додека Олга има ангажман во невладина организација. Двете се мажени за тетовци и живеат во Тетово веќе неколку години.

XS
SM
MD
LG