Достапни линкови

Додик, Комшиќ и Џаферовиќ во Претсeдателството на БиХ


Во БиХ најмногу гласови за Додик, Комшиќ и Џаферовиќ
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:46 0:00

Во БиХ најмногу гласови за Додик, Комшиќ и Џаферовиќ

Според прелиминарните резултати што ги објави Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина, на изборите за Претседателството на БиХ најмногу гласови добија Шефик Џаферовиќ кандидат на најголемата бошњачка партија СДА, Жељко Комшиќ од храватската заедница, кој веќе два мандата беше на таа функција и Милорад Додик, кој во Република Српска го победи неговиот против кандидат Младен Иваниќ.

Прорускиот српски лидер Милорад Додик прогласи победа во трката за пополнување на српското место во тричленото Претседателство на Босна, зголемувајќи го страхувањето од етнички поделби во земјата која се соочи со брутална војна пред околу 25 години.

Оценувајќи дека гласачите „го казнија“ неговиот противник за неговите, како што рече, „сервилни политики кон Западот“ Додик изјави:

Приоритет број еден за мојата работа во иднина ќе биде позицијата на српскиот народ и на Република Српска. Сакам да воспоставам добра комуникација. Верувам дека Босна и Херцеговина можеби може да направи одреден напредок, ако сите се почитуваат и ако другите луѓе го отфрлат мешањето на странците во политиката на Босна и Херцеговина“, изјави Додик.

Неговиот противкандидат Младен Иваниќ го призна поразот.

Победа прогласи и кандидатот на најголемата партија на бошњаците, Партијата за демократска акција Шефик Џаферовиќ, кој изјави дека граѓаните очекуваат забрзување на интеграцијата на нивната земја во Европската унија:

На оваа земја и е потребна стабилност, потребни и се економски реформи иинтеграција, и ќе побарам од другите членови на претседателството да се фокусираат врз овие прашања во нашата работа“, изјави Џаферовиќ.

Голема промена во нивната застапеност во Претседателството забележаа босанските Хрвати откако умерениот кандидат на Демократскиот фронт Жељко Комшиќ доби повеќе гласови од претседателот на Хрватската демократска заедница во Босна Драган Човиќ.

Иако речиси 80 отсто од хрватските гласачи го поддржуваат Човиќ, во сложениот уставен систем муслиманските гласови му дадоа предност на Комшиќ кој претходно два пати веќе беше член на претседателството.

Хрватите претставуваат само 15 насто од населението во Босна, така што муслиманското мнозинство гласаше за Комшиќ, избирајќи го како хрватски член на претседателство.

Сакам да знаете дека сум тука за да им служам на сите граѓани на Босна и Херцеговина. Јас сум им на располагање на сите, без разлика дали гласаа за мене, против мене или воопшто не гласаа“, изјави Комшиќ.

Одѕивот на вчерашните избори беше над 53 насто од околу 3,3 милиони регистрирани гласачи.

На вчерашните избори за масовната и сложена владина структура врз основа на етнички квоти, дизајнирани според мировниот договор што и стави крај на војната во земјата 1992-1995 година, не беа забележни поголеми инциденти.

XS
SM
MD
LG