Достапни линкови

Референдумот ги разгоре страстите


Жители на Зајас се гледаат во одраз на прозорец со македонско знаме пред гласачко место на денот на референдумот за името
Жители на Зајас се гледаат во одраз на прозорец со македонско знаме пред гласачко место на денот на референдумот за името

Малата излезност и големиот процент гласање „за“ на оние што излегле на референдумот се главни теми за препукувања меѓу нашите читатели на социјалните мрежи.

По референдумот, различни реакции, твитови, постови, изјави на ФБ страницата на РСЕ. „Премиерот Зоран Заев рече дека огромното мнозинство граѓани кои гласаа го избрале европскиот пат за Македонија.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека референдумот е неуспешен – овој наслов на веб-страницата на нашето Радио точно ја отслика состојбата уште во неделата вечер, по референдумот. Такви се и коментарите на нашата ФБ страница: различни.

И како по обичај полни со пцовки, недолични изрази и омраза. Тие, се разбира, нема да ги цитираме заради професионалните стандарди. Антонио Стефковски препорачува да се слушне што кажале од ДИК: „Еден од двата услови за успешен референдум не е исполнет. Останатите муабети за пред кооперација“. Ѓорѓи Ристески со спротивно мислење: „Па нормално дека е успешен, се одважиле над 650.000 граѓани и гласале, во случајот процентуално повеќе, каде се тие кои се фалат дека победиле, дека бојкотирале, дека слават, ги нема никаде, само по ФБ, официјално не постојат, зашто ако излезеа тие над милион, како што велат, и гласаа против, тогаш ќе имаше можност за славење, сега ништо, гола вода, измислена бројка!“ Нена Макриевска, очигледно некаде од странство, прашува: „Од каде знаете колку проценти гласале кога попис последен пат имаше во 2003 година.

Ние, 600 илјади иселени во последниве 10 години коишто не треба да се броиме, и на крајот излегува дека од оние кои останале во Македонија 75 проценти излегле да гласаат“. Христијан Мицкоски изјави дека „Бројот на оние кои апстинираа од гласање или гласале против Договорот е драстично поголем од оние кои гласаа за Договорот“, по што Сали Ибраими напишал: „Математички тоа е нула, хахаха“. Гоца Тошева смета дека Мицкоски не може да му се фати на малиот прст на Заев, ни како човек, ни како политичар. „Мицко ќе пукне од љубомора кон Заев, цело време го спомнуваше само него“. Елвис Шејла Шкријелј вели: „Јасно и гласно. Македонија со ДПМНЕ никогаш во ЕУ и НАТО. Што значи, можност за разнебитување на државата“.

По прес-конференцијата на премиерот Зоран Заев, Горан Станојковски упатува закана до лидерот на СДСМ: „Има, има оваа земја и Черноземци и Ќосиња, ако неќеш милом ќе си одиш силом“. Тахир Ридаров прашува: „Каков речник имаат овие противниците на СДСМ, некои дури и со убиства се закануваат. Има ли ОБВИНИТЕЛСТВО И СУДОВИ ВО ОВАА ДРЖАВА???“

Прослава на движењето Бојкотирам пред Собранието
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:16 0:00

По видео-снимката на РСЕ за оние од движењето „Бојкотирам“ што славеа пред Собранието поради немањето цензус на референдумот, потпишан со Дон Антонио кажува дека живее во Германија и не му е гајле за тука, но дава песимистичка проекција за тоа што ќе се случи „во Македонија ако не се одржи Договорот. Македонија повеќе нема да добие помош од ЕУ, странските фирми ќе се затворат, плата нема да има, нема никој да ви помага“. Милица Стокиќ пишува дека и таа веќе 52 години е на Запад, ама: „Егоисти. Татковината и мојот народ во душа ги носам“. Мире Славејков ѝ одговара: „Како 52 години си надвор, и нас капата ќе ни ја кроиш? Јасно ли ти е дека, за разлика од тебе, ние немаме резервна држава? Па сме биле егоисти? Патриоти на далечинско изигравате“. Ѓорѓи Ристески и овде се јавува: „Да излезевте еден милион, ќе имаше невиден легитимитет, но сега ве нема никаде, не фигурирате како бројка, нема што да славите, победија тие што излегоа и гласаа на плебисцитот што е слободна волја, а не политички избор“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG