Достапни линкови

Референдум 2018

Граѓаните на Македонија, со право на глас, се изјаснија на прашањето „Дали сте за членство во НАТО и ЕУ со прифаќање на договорот меѓу Македонија и Грција“.

  • Референдумот помина мирно и без посериозни инциденти
  • На референдумот гласале над 650 илјади гласачи, а над 91 отсто од нив гласале „за“
  • Премиерот Зоран Заев им честита на сите што гласаа и изјави дека сега на потег е Собранието, а ако не поминат уставните измени, можни се предвремени избори
  • Противниците сметаат дека референдумот не бил успешен, бидејќи не е постигнат цензусот
00:23 1.10.2018

Излезноста на референдумот мала, гласањето „за“ големо

Излезноста на референдумот мала, гласањето „за“ големо
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:14 0:00

23:33 30.9.2018

Столтенберг повикува на конструктивност и одговорност од партиите

Генералниот секретар на НАТО повтори дека вратите на Алијансата остануваат отворени за Македонија, но дека сите национални процедури мораат претходно да се завршат.

23:15 30.9.2018

Заев - Ако не обезбедиме мнозинство во Собрание, ќе одиме на избори

Прес конференција на премиерот Зоран Заев
Прес конференција на премиерот Зоран Заев

Време е пратениците да го следат гласот на народот изразен на референдумот, но доколку не се обезбеди мнозинство од 80 пратеници, опцијата што останува се предвремени избори што е можно поскоро, изјави премиерот Зоран Заев на еден час пред полноќ, по завршувањето на референдумот.

23:14 30.9.2018

МОСТ - Излезеноста на референдумот изнесува 36,6 проценти

Прес конференција на Граѓанската асоцојација МОСТ. Претседателот на организацијата Дарко Алексов
Прес конференција на Граѓанската асоцојација МОСТ. Претседателот на организацијата Дарко Алексов

Одѕивот на гласачите на денешниот референдум е 36,6 проценти, со маргина на грешка од +/- 1 процент, соопшти Граѓанската асоцијација МОСТ на вечерашната прес-конференција. Извршниот директор на МОСТ Дарко Алексов изјави дека од важечките ливчиња 94,2 проценти биле „За“ а 5,8 проценти „против“, при што добиените резултати се со маргина на грешка од +/- 0,3%.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG