Излезноста на референдумот мала, гласањето „за“ големо
На референдумот за Договорот со Грција, според пребројани скоро 98 отсто од гласачките места, излегоа над 656 илјади луѓе, односно скоро 37 отсто од регистрираните над 1,8 милиони гласачи. Над 91 отсто од нив, односно над 600 илјади луѓе, гласале „за“, 37 илјади биле против, а скоро 19 илјади ливчиња се неважечки.