Рекорден број набљудувачи
Референдумот го набљудуваат околу 12.000 домашни и 500 странски набљудувачи. Од домашните организации најмногу набљудувачи има акредитирано „Здружението за граѓански политики и иницијативи“, здружение кое се појавува првпат, а процесот ќе го следи со вкупно 5.574 набљудувачи. Потоа следуваат Сојуз на здруженија на граѓани „Македонска платформа против сиромаштија, МОСТ, „Цивил“, односно вкупно десет невладини организации. Најмногу меѓународни набљудувачи има акредитирано Мисијата за набљудување на избори ОБСЕ/ОДИХР, потоа американската амбасада во Македонија, Амбасадата на Франција, Косово, Турција, Унгарија, Велика Британија и Северна Ирска, Украина и Германија. Партиски набљудувачи на гласачките места ќе нема. Референдум ќе го следат и 83 странски новинари.
Со сино пенкало „ЗА“ или „ПРОТИВ“
Правила за гласање
Избирачот може само еднаш да гласа. Гласањето се врши тајно, зад параван, а заокружувањето треба да биде со сино пенкало. Забрането е фотографирање и снимање на избирачкиот материјал и на избирачите додека гласаат. Гласање за друго лице е забрането, може само да му се помогне на избирач кој има физички недостаток или е неписмен.