Достапни линкови

Референдум 2018

Граѓаните на Македонија, со право на глас, се изјаснија на прашањето „Дали сте за членство во НАТО и ЕУ со прифаќање на договорот меѓу Македонија и Грција“.

  • Референдумот помина мирно и без посериозни инциденти
  • На референдумот гласале над 650 илјади гласачи, а над 91 отсто од нив гласале „за“
  • Премиерот Зоран Заев им честита на сите што гласаа и изјави дека сега на потег е Собранието, а ако не поминат уставните измени, можни се предвремени избори
  • Противниците сметаат дека референдумот не бил успешен, бидејќи не е постигнат цензусот
09:49 30.9.2018

Прва прес конференција на ДИК

Гласањето се одвива мирно и без неправилности

Одзивот, до 9 часот, е 2,45%

09:55 30.9.2018

Граѓаните кои веќе гласаа, велат дека нема никакви проблеми и оти гласањето се одвива вообичаено, како и на избори.

Македонија гласа на референдумот 2018
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:36 0:00

10:10 30.9.2018

Во општина Битола и пелагониските општини Новаци, Могила и Демир Хисар гласањето тече без проблеми. Од Општинските изборни комисии изјавија дека утрово сите гласачки места на време беа отворени и до сега не се забележани никакви проблеми.

Битола - гласање
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:37 0:00

Сите 167 избирачки места во Општина Куманово се отворени на време.

Според Звонимир Николовски и Драган Јовановски, претседатели на ОИК во Куманово и Старо Нагоричане, изминатите два часа од почетокот на гласањето не се регистрирани никакви нерегуларности.

10:20 30.9.2018

МОСТ: отворањето на гласачките места без проблеми

Отворањето на гласачките места помина без регистрирани проблеми. Гласачкиот материјал е доставен на сите гласачки места, а уредувањето на гласачките места е на начин што ја запазува тајноста на гласањето.

Ова на денешната прва прес-конференција го соопшти извршниот директор на МОСТ Дарко Алексов.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG