Мирен референдумски ден со слаба излезност
Од ДИК соопштуваат дека до 15 часот одзивот на гласачите изнесува 22, 8 отсто. Невладините МОСТ и Цивил-Центар за слобода јавуваат за неколку технички проблеми при гласањето.
МОСТ – Излезноста на референдумот до 16 часот била 26 отсто
Излезноста до 16 часот била 26 проценти со маргина на грешка од +/-0,4 отсто, информира претседателот на граѓанската асоцијација МОСТ, Дарко Алексов.
ДИК – Излезноста на референдумот до 17 часот – 28,83 отсто
Излезноста на референдумот до 17 часот била 28,83 проценти од гласачите, односно на гласање излегле 455.771 од регистрираните над 1,8 милиони гласачи, соопшти претседателот на ДИК, Оливер Дерковски. Ова се податоци од обработени 87,25 од гласачките места.