Достапни линкови

Референдум 2018

Граѓаните на Македонија, со право на глас, се изјаснија на прашањето „Дали сте за членство во НАТО и ЕУ со прифаќање на договорот меѓу Македонија и Грција“.

  • Референдумот помина мирно и без посериозни инциденти
  • На референдумот гласале над 650 илјади гласачи, а над 91 отсто од нив гласале „за“
  • Премиерот Зоран Заев им честита на сите што гласаа и изјави дека сега на потег е Собранието, а ако не поминат уставните измени, можни се предвремени избори
  • Противниците сметаат дека референдумот не бил успешен, бидејќи не е постигнат цензусот
13:05 30.9.2018

Интерактивна мапа за одзивот на референдумот тука: https://www.slobodnaevropa.mk/a/29514378.html

13:24 30.9.2018

Ќе биде ли исполнет цензусот на референдумот?

Репортажа на РСЕ за досегашниот тек на референдумот.

Ќе биде ли исполнет цензусот на референдумот?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:51 0:00

14:06 30.9.2018

ДИК: До 13 часот, одзивот е 16%

Видео од прес конференцијата на Државната изборна комисија во 13.30 часот

14:29 30.9.2018

На гласање на 91 година

​91-но годишната Велика Новевска од општина Новаци, е една од највозрасните што гласаа денеска на референдумот. На гласачкото место таа се појави заедно со снаата која пак со штаки дојде на гласање зашто ја имала повредено ногата.

„За години не прашувајте, деведесетката ја заминав, но должност ми е да си го остварам своето гласачко право. Гласаме и за помладите и за нас да биде добро“, рече баба Новевска.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG