Достапни линкови

Референдум 2018

Граѓаните на Македонија, со право на глас, се изјаснија на прашањето „Дали сте за членство во НАТО и ЕУ со прифаќање на договорот меѓу Македонија и Грција“.

  • Референдумот помина мирно и без посериозни инциденти
  • На референдумот гласале над 650 илјади гласачи, а над 91 отсто од нив гласале „за“
  • Премиерот Зоран Заев им честита на сите што гласаа и изјави дека сега на потег е Собранието, а ако не поминат уставните измени, можни се предвремени избори
  • Противниците сметаат дека референдумот не бил успешен, бидејќи не е постигнат цензусот
15:03 30.9.2018

15:11 30.9.2018

МОСТ - Гласањето без проблеми, регистрирани неколку технички предизвици

Дарко Алексов, директор на Граѓанската асоцијација МОСТ
Дарко Алексов, директор на Граѓанската асоцијација МОСТ

Граѓанската асоцијација МОСТ денеска соопшти дека одѕивот на гласачите до 13 часот на референдумот е 16 отсто, со маргина на грешка од +/- 0,32 отсто.

МОСТ наведува дека од набљудувачите и регионалните координатори на МОСТ добиени и потврдени се неколку информации за неколку за технички проблеми.

15:33 30.9.2018

Излезноста во Дебар до 15 часот 22,5 отсто, во Центар Жупа 16 отсто

Дебар
Дебар

Референдумскиот процес во општините Дебар и Центар Жупа се одвива без проблеми со зголемена излезност во попладневните часови.

Претседателката на општинската изборна комисија во Дебар, Елмира Бакали, информира дека излезноста на референдумот до 15 часот е 22,5 отсто.

Во општина Центар Жупа до 15 часот гласаа 1.066 лица или 16 отсто од вкупно запишаните 6.686 граѓани, изјави Еран Зубер, претседател на ОИК-Центар Жупа.

15:41 30.9.2018

Излезноста до 15 часот - 22,56 отсто

Излезноста на референдумот до 15 часот била 22,56 проценти, односно на гласање излегле 334.075 од регистрираните над 1,8 милиони гласачи, соопшти претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG