Достапни линкови

Референдум 2018

Граѓаните на Македонија, со право на глас, се изјаснија на прашањето „Дали сте за членство во НАТО и ЕУ со прифаќање на договорот меѓу Македонија и Грција“.

  • Референдумот помина мирно и без посериозни инциденти
  • На референдумот гласале над 650 илјади гласачи, а над 91 отсто од нив гласале „за“
  • Премиерот Зоран Заев им честита на сите што гласаа и изјави дека сега на потег е Собранието, а ако не поминат уставните измени, можни се предвремени избори
  • Противниците сметаат дека референдумот не бил успешен, бидејќи не е постигнат цензусот
11:02 30.9.2018

Во тетовскиот регион гласањето без проблеми

Во општина Тетово во првите два часа од гласањето на референдумот своето право го искористиле 2, 21% од гласачите. Гласањето се одвива тековно и без проблеми по отворањето во 7 часот.

11:22 30.9.2018

МОСТ: До 10 часот, одзивот е 5,2%

Гласањето се одвива без проблеми. Имало само еден помал проблем, односно, на влез во објектот каде што се гласа во Јегуновце, имало графит со навредлива содржина.

11:44 30.9.2018

11:45 30.9.2018

Тетово - Гласањето се одвива без проблеми

Изјава на Артан Адеми, претседател на Општинската изборна комисија.

Тетово - Гласањето без проблеми
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:25 0:00

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG