Достапни линкови

Референдум 2018

Граѓаните на Македонија, со право на глас, се изјаснија на прашањето „Дали сте за членство во НАТО и ЕУ со прифаќање на договорот меѓу Македонија и Грција“.

  • Референдумот помина мирно и без посериозни инциденти
  • На референдумот гласале над 650 илјади гласачи, а над 91 отсто од нив гласале „за“
  • Премиерот Зоран Заев им честита на сите што гласаа и изјави дека сега на потег е Собранието, а ако не поминат уставните измени, можни се предвремени избори
  • Противниците сметаат дека референдумот не бил успешен, бидејќи не е постигнат цензусот
19:47 30.9.2018

Прес конференција на Премиерот Зоран Заев - прва реакција

19:33 30.9.2018

Државна изборна Комисија - прес конференција во 18.50

19:03 30.9.2018

Излезноста до 18:30 била 34,09 отсто

Претседателот на ДИК Оливер Дерковски
Претседателот на ДИК Оливер Дерковски

Излезноста на референдумот до 18:30 часот била 34,09 проценти, по обработени податоци од 85 отсто од гласачките места, информира претседателот на ДИК, Оливер Дерковски. Над 50 отсто излезност има во општините Липково и Сарај, каде што на гласање излегле 67 отсто од запишаните избирачи.

18:53 30.9.2018

Цивил – Без сериозни инциденти, но со голем број помали нерегуларности

Џабир Дерала, претседател на невладината организација Цивил
Џабир Дерала, претседател на невладината организација Цивил

Набљудувачите на Цивил – Центар за слобода, јавуваат за нерегуларности и несоодветно однесување на некои набљудувачи. Претседателот на организацијата, Џабир Дерала, вели дека е референдумскиот ден изминува без сериозни инциденти, но со голем број помали и поголеми нерегуларности.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG