МОСТ – Излезноста на референдумот до 16 часот била 26 отсто
Излезноста до 16 часот била 26 проценти со маргина на грешка од +/-0,4 отсто, информира претседателот на граѓанската асоцијација МОСТ, Дарко Алексов.
Мирен референдумски ден со слаба излезност
Од ДИК соопштуваат дека до 15 часот одзивот на гласачите изнесува 22, 8 отсто. Невладините МОСТ и Цивил-Центар за слобода јавуваат за неколку технички проблеми при гласањето.
МВР - Уште шест инциденти за време на гласањето
МВР регистрира уште шест нови инциденти за време на референдумското изјаснување по претходно евидентираните седум. Се работи за фотографирање, навредување, омаловажување полициски службеник, расфрлање летоци и карање.