Најголема излезност до 15 часот во Сарај, најмала во Ново Село
Најголема излезност на референдумот до 15 часот има во општина Сарај, каде што на гласање излегле над 11 илјади луѓе, односно над 36 проценти од регистрираните избирачи. Најмала излезност, пак, има во Општина Ново Село, каде што до 15 часот гласале над 1.100 луѓе, односно под 10 проценти од запишаните избирачи.
Мирен референдумски ден, со мала излезност
Излезноста до 15 часот е 22,56 отсто. Набљудувачите јавуваат за неколку технички проблеми при гласањето. ОЈО кривично ќе се гони момчето кое нападна тројца полициски службеници.
Кривична пријава за момчето кое нападна полицајци пред гласачко место во Ново Лисиче
Кривично ќе се гони момчето кое нападна тројца полициски службеници во дворот на основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче за време на гласањето, информира јавниот обвинител Џељал Бајрами.
Излезноста до 15 часот - 22,56 отсто
Излезноста на референдумот до 15 часот била 22,56 проценти, односно на гласање излегле 334.075 од регистрираните над 1,8 милиони гласачи, соопшти претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.