МВР регистрирало 4 помали инциденти на гласањето
Ги повикуваме граѓаните да ги почитуваат законите и да се воздржуваат од какви било нарушувања на јавниот ред и мир и на тајноста на гласањето. Секое спротивно однесување на законите МВР нема да го толерира за да обезбеди непречено и мирно гласање, апелира портпаролот Ангеловски.
ОБСЕ/ОДИХР со 200 набљудувачи го следи референдумот
Шефот на Мисијата Јан Петерсен рече дека набљудувачите се на гласачките места пред почетокот на гласањето и ќе бидат таму во текот на денот.
Ние само набљудуваме, не се мешаме на никаков начин, не даваме коментари, нема да даваме проценки пред нашата прес-конференција закажана за утре, изјави Петерсен, кој набљудува на гласачко место во гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Скопје.