Достапни линкови

Референдум 2018

Граѓаните на Македонија, со право на глас, се изјаснија на прашањето „Дали сте за членство во НАТО и ЕУ со прифаќање на договорот меѓу Македонија и Грција“.

  • Референдумот помина мирно и без посериозни инциденти
  • На референдумот гласале над 650 илјади гласачи, а над 91 отсто од нив гласале „за“
  • Премиерот Зоран Заев им честита на сите што гласаа и изјави дека сега на потег е Собранието, а ако не поминат уставните измени, можни се предвремени избори
  • Противниците сметаат дека референдумот не бил успешен, бидејќи не е постигнат цензусот
12:00 30.9.2018

ДИК - до 11 часот на рeферендумот излегле над 8%

Досега се доставени седум приговори до ДИК, од кои три се одбиени, додека четири се во обработка. Во функција е телефонската линија за пријавување неправилности.

11:56 30.9.2018

Веќе гласал и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев. На гласачкото место, тој пристигнал со својата сопруга и едно од децата. По гласањето, се сретнал со јапонски новинари, јави МИА.

11:48 30.9.2018

Според некои медиуми, пратениците од ВМРО ДПМНЕ Драган Данев и Даниела Рангелова веќе гласале на референдумот.

11:45 30.9.2018

Тетово - Гласањето се одвива без проблеми

Изјава на Артан Адеми, претседател на Општинската изборна комисија.

Тетово - Гласањето без проблеми
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:25 0:00

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG