Достапни линкови

Руски предреферендумски пакости


Хибридни пакости од Москва за Скопје
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:35 0:00

Хибридни пакости од Москва за Скопје

Американскиот министер за одбрана Џејмс Матис рече дека поаѓа кон Македонија загрижен поради можни „руски пакости“ за мешање во референдумот. Според странски и домашни аналитичари и политиколози, тие политички пакости на Москва во Македонија се дел од руската хибридна војна против НАТО и ЕУ.

Американскиот министер за одбрана Џејмс Матис дојде во Македонија за да ја даде, како што рече силната и пријателска поддршка за претстојниот референдум. Но кога ја најави посетата рече и дека тргнува за Скопје, загрижен за можно руско мешање во референдумот.

„Тоа ме загрижува. Тој вид пакост што Русија го практикува од Естонија до САД, од Украина и сега до Македонија, секогаш се прилагодува на специфична ситуација и отсекогаш бил неприфатлив“, рече Матис најавувајќи ја својата посета на Македонија.

За „пакосни“ намери од Москва предупреди и експертот за меѓународни односи Јакуб Јанда од Институтот за европски вредности од Прага, кој на минатонеделниот меѓународен панел во Вашингтон на тема Борба против дезинформациите, рече дека Македонија е се уште во фокусот на руските субверзивни активности на Балканот.

„Замислете Грција, земја која имаше мошне топли односи со Русија, не се противеше на руската агресија во Украина, но наеднаш оваа земја протера двајца руски дипломати после руските прикриени напори во Грција да се поткупат локални екстремни политичари и црковни лица за разгорување на насилни протести против Договорот со Македонија“, изјави Јанда.

Деструктивната политика се засилува?

Експертите велат дека обидите за ширење на руското влијание на Балканот, а со тоа и во Македонија, не престанале, бидејќи, колку Москва и да ги насочува своите интереси кон Азија, таа сепак не може да затвори очи пред отворените желби на балканските држави да станат дел од НАТО и ЕУ и затоа, како што вели американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел, нејзината улога станува се подеструктивна.

„Гледаме дека Русија игра сè подеструктивна улога во поголемиот дел од Балканот во ширењето на дезинформации и така ги поткопува демократските институции. Ние бевме јасни во разговорите со Русите дека тоа не е ниту во нивен интерес, ниту во интерес на народите од овој регион“, изјави Мичел за време на неговата последна балканска турнеја.

Хибридни акти

Според неколкуте анализи направени последните десетина месеци и според изјавите на голем број политичари, меѓу кои и украинскиот претседател Петро Порошенко, овие активности на Москва се дел од глобалната хибридна војна што таа ја води против ширењето на НАТО и ЕУ.

„Сметам дека тоа е глобална опасност и светот мора заеднички да се бори против таа опасност, како и против руската пропаганда како елемент на таа хибридна војна. Сајбер безбедноста е елемент на руската хибридна војна, пропагандата е елемент на руската хибридна војна, и таа дејствува без разлика дали е во САД или во Германија“, предупреди Порошенко.

Мислењето дека овие активности на Кремљ се дел од глобалната хибридна војна на Кремљ против ширењето на НАТО и ЕУ го делат и дел од аналитичарите во Македонија.

„Иако имаме индиции и од медиуми и од аналитичари дека Балканот е во средиштето на една ваква војна и дека Русија навистина врши некој тип на влијание, сепак јас овие типови на дејствија би ги нарекла хибридни акти како дел од една поширока хибридна војна“, вели за РСЕ Марија Јанкулоска, магистер по меѓународно право и меѓународни односи и координатор на истражувања во Евро-атлантскиот совет на Македонија.

НАТО и ЕУ се стратешка определба на Македонија уште од осамостојувањето, и за да се избегнат влијанија од трети страни, велат аналитичарите, Македонија треба цврсто да се држи на евроатлантскиот колосек.

XS
SM
MD
LG