Господине Башкурти, Албанија е дел од НАТО, а Македонија е на пат кон полноправно членство. Што вашата земја доби од членството во НАТО и што Македонија може да очекува?
Проектот да се стане членка на НАТО за Албанија беше многу сериозен и голем предизвик. Но, после многу напори во исполнувањето на политичките, демократските и некои стратешки критериуми, земјата стана членка. Беше во корист не само на Албанија во национален безбедносен контекст, туку и инвестиција во регионот, бидејќи евроатлантските проекти се секогаш приоритет во контекст на регионален развој и регионална стратегија. Земјата има многу придобивки, бидејќи ние сега сме регион на силна безбедност согласно договорот од Вашингтон и членот 5. Албанија е дел од стратешкиот концепт на НАТО и е многу силно заштитена во секој случај и секако и самата земја генерира мир и безбедност и дава дополнителен придонес во земјите од Западен Балкан. Се разбира НАТО не дава пари, бидејќи знам дека обичните граѓани бараат просперитет во нивниот личен и приватен живот со подобрување на нивниот економски стандард. Но, без сигурност не може да се развивате. Безбедност најпрвин, потоа економски развој. НАТО најпрвин, па потоа интеграција во ЕУ. Во овој стратешки регион на Западниот Балкан безбедноста беше, е и ќе биде приоритет на сите индивидуи и земји од регионот.
Кои се предизвиците со кои се соочува регионот и Македонија доколку земјите од Балканот не се интегрираат во НАТО?
Мислам дека Македонија направи голем напредок кој беше во многу специфични и тешки геополитички околности. Ние сите ги знаеме предизвиците со кои се соочи Македонија по деведесетите години, но многу успешно конечно беше остварен напредок. Сега земјата прави значајни напори со цел да биде достигната НАТО целта и секако особено важен е договорот меѓу двете влади на Македонија и на Грција во однос на новото име на Македонија и сега е на волјата на луѓето и на гласот на луѓето на референдумот. Се разбира дека имаме искуство оти референдумите понекогаш се многу тешки и ова не е поради супстанцата на неговото значење, туку најчесто другите референдуми во Европа покажаа дека зависи многу од комуникацијата и информацијата. Што Владата, политичките елити, граѓанското општество, академиците, медиумите прават за да комуницираат со обичните граѓани за да разберат јасно оти промената на името за Македонија е многу поврзано со евроатлантската перспектива на земјата. Ние немаме друга агенда. Немаме друга перспектива. Албанија и Македонија и сите други земји од Западниот Балкан ја имаат истата агенда, евроатлантска интеграција и треба да се стави домашната агенда во овој контекст. Ако е со цел да се забрза за да се исполнат критериумите за интеграција во ЕУ сите треба да бидеме „за“. Сите треба да дадеме поддршка, дури и меѓусебно Албанија, Македонија, Србија, Косово, Босна, Црна Гора сите земји треба многу повеќе да работат заедно за да ја поддржат својата агенда, евроатланската интеграција.
Споменавте дека Македонија и Албанија треба да соработуваат. Колку двете земји може да си помогнат во остварување на заедничката цел, отпочнување на преговори со ЕУ?
Прво албанската Влада и албанските политичари постојано повторуваат дека силно ќе го поддржат членството на Македонија. Албанија е голем поддржувач, не само Владата, туку сите политички партии, сите институции и албанските граѓани ќе работат како застапници на Македонија за да ја поддржиме нејзината интеграција. Ние сметаме дека тоа не е само национално постигнување за Македонија, туку ќе биде и регионално постигнување, регионална придобивка за сите земји. Од друга страна Албанија блиску ќе соработува со македонската Влада, политичките институции, граѓанското општество, граѓаните, бизнис заедницата. Албанската заедница е многу важно да учествува во референдумот. Секако ние не сме во позиција да им кажуваме на луѓето како да гласаат. Она што е важно е учеството на луѓето и нивната излезност да биде голема. Големо учество значи сериозна и зрела одлука од граѓаните и заради тоа референдумот ќе биде многу сериозен моментум во новата историја на Македонија. Јас се надевам дека жителите на Македонија, сите заедници и секако Албанците ќе дојдат дури и однадвор да учествуваат во референдумот. Тоа е историски моментум кој не треба да се загуби за Македонија, но исто така е моментум за Албанија и за земјите од Западен Балкан.
И Албанија и Македонија ги очекува имплементација на бараните реформи. Колку Владите на двете земји се подготвени да ги испорачаат бараните реформи во дадениот рок?
Мислам дека една од сериозните загрижености на Западен Балкан е што не се работи толку многу во контекст на регионалната соработка. Фала богу односите меѓу Албанија и Македонија се одлични во смисла односите меѓу луѓето и соработката меѓу владите. Но, тоа не е доволно. Се разбира ја имаме истата агенда и ако заеднички ги здружиме напорите ќе го забрзаме процесот. Исто така ги имаме истите предизвици. Владеење на правото, јавната администрација нејзината ефикасност, трихотомија на сили, пазарна економија, човекови права и некои други повторни барања и повторни препораки од Европската комисија, Европскиот совет на Европскиот парламент за нашите земји значи дека ние се уште имаме многу аспекти да ги здружат напорите. Има две искуства во евроинтеграцијата. Едното е интеграцијата во групи, земјите од Вишеград групата и земјите од Вилинус групата, кои порано успешно работеа заедно и тие го забрзаа процесот благодарение на нивната волја да се поддржат едни со други. Поддршката на едни со други и работењето на едни со други го олеснува процесот и го забрзува процесот на интеграција. Тоа треба да им биде добро познато на владите, институциите и на граѓаните. Од друга страна ние треба сериозно да се фокусираме на домашната агенда, бидејќи се разбира има индивидуална оценување од ЕУ на процесот на интеграција. Ние имаме многу сличности, но исто така имаме и некои одделни прашања кои треба да бидат исполнети. Но, мислам дека најважно, во контекст на ЕУ, земјите се многу поблиски да работат едни со други, треба дефинитивно да се отворат границите, да се осигура слободата на движење на граѓаните, капиталот, инвестициите да се најдат сите начини со цел билатералната соработка и регионалниот развој да се движат во контекст на Берлинскиот процес, кој не е ништо друго туку за промовирање на понатамошната регионална соработка пред да се добие полноправно членство во ЕУ.