Достапни линкови

Паѓа рејтингот на Путин по најавената пензиска реформа


Паѓа рејтингот на Путин по најавената пензиска реформа
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:39 0:00

Паѓа рејтингот на Путин по најавената пензиска реформа

Илјадници луѓе низ цела Русија се приклучија на протестите во неделата против плановите на владата за зголемување на пензиската старост, и покрај неодамнешните ветувања на претседателот Владимир Путин за ублажување на непопуларната мерка.

Неделните протести покажуваат дека предложената пензиска политика останува чувствително политичко прашање за владата и покрај отстапките што Путин ги понуди деновиве преку телевизиското обраќање.

Тогаш тој за првпат ја презеде личната одговорност за реформата и ја опиша како финансиска неопходност.

Путин, кој беше реизбран во март, понуди да ја намали возраста за пензионирање за жените на 60 години, од претходно предложената старосна граница од 63 години.

Руските жени во моментов се пензионираат на 55 години.

Тој рече дека предлогот за зголемување на пензиската старост за мажите од 60 на 65 години ќе остане непроменет.

„Имаме посебен, грижлив однос кон жените во нашата земја. Ние разбираме дека тие не само што ја вршат својата работа, туку целото домаќинство е обично на нив“, рече Путин.

Тој притоа побара од рускиот народ да има разбирање за ваквата мерка.

Сепак, неколку илјади луѓе се собраа во неделата на 2 ипол километри од Кремљ токму на протест против реформата.

Еден од учесниците на протестот Павел Тарасов вели:

„Лично сум ограбен. Се разбира, ограбен сум заедно со огромен број луѓе. Сите тие се бајки дека некој плаќа за денешна генерација. За мене, на пример, цел живот плаќам во пензискиот фонд, а потоа јас не добивам ништо. Ова е суштината на оваа реформа. Јас сум ограбен, јас сум против тоа. Не сакам да бидам ограбен, па јас ќе се спротивставам“.

Многумина носеа црвени знамиња и на главниот организатор на протестот, Комунистичката партија на Русија.

Членот на Комунистичката партија на Русија Валериј Рашкин во говорот ги повика насобраните против Путин:

„Дали сте подготвени да ја изразиме нашата недоверба на претседателот Владимир Путин за оваа прашање? Дали сте подготвени?“

Лидерот на Комунистичката партија на Русија Генадиј Зјуганов во врска со целата ситуација оцени:

Како што изгледа сега - тоа не е реформа. Ова е чекор што го поткопува единството на луѓето и не дозволува луѓето да се развиваат нормално и да излезат од кризата. И тоа ја прави внатрешната ситуација во земјата и односите со светот се посложени“.

Протести, исто така, се одржаа во и во неколку други руски градови.

Анкетите на Центарот „Левада“ покажуваат дека рејтингот на Путин по предложената пензиска реформа, опадна за околу 10 процентни поени, иако се уште изнесува околу 70 проценти.

Тоа може да изгледа прилично високо, но тоа е најмалата популарност на Путин од руското анектирање на Крим во 2014 година.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG