Достапни линкови

Зошто Русите се противат на пензиските измени?


Русите протестираат против пензиските реформи
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:33 0:00

Русите протестираат против пензиските реформи

Илјадници Руси учествуваа на протестите во текот на викендов против владиниот план за подигнување на староснaта граница за заминување во пензија. Некои од организаторите биле накратко и приведени од полицијата иако протестот во Москва беше дозволен од властите.

На улиците на Москва одекнуваа извици „Путин, не ги чепкај нашите пензии“, а демонстрантите носеа плакати со натписи „Ние сакаме да живееме од пензии, а не да умреме на работа“.

Демонстрации беа организарни и во десетина други градови од далечниот исток, преку Сибир до западна Русија.

Во Санкт Петербург, втор по големина град во земјата, илјадници луѓе се собраа под црвени знамиња.

Некои од нив носеа и портрети на Сталин.

Ова невообичаено противење на некоја мерка која ја поддржува претседателот Владимир Путин се манифестира и преку онлајн петицијата со која се бара укинување на реформата.

Петицијата досега собра скоро 3 милиони потписи.

Комунистичката партија која често го поддржува Путин, исто така е против пензиските реформи.

Еден од организаторите на протестот Михаил Светов вели:

„Дојдовме овде за нашите пари. Пензискиот фонд не се нарекува само фонд без причина, туку се нарекува фонд, бидејќи ние вложуваме сопствени пари таму за да ги имаме кога сме стари. Овој фонд е ограбен“.

Опозицискиот лидер Алексеј Навални ги повика приврзаниците да учествуваат на протестите.

„Дојдов овде, како и секој нормален човек, да се спротивставам на она што тие го нарекуваат даночна реформа или пензиска реформа. Во реалноста тоа е, се разбира, директен грабеж на десетици милиони луѓе, не е некој вид на хипотетички грабеж, тоа не е дури ни корупција. Тоа е директно одземање на стотици илјади рубли, дури и милиони рубли од некои луѓе“.

Путин не ги спомна пензиите во текот на неговата предизборна кампања кога во март годинава повторно беше избран за претседател.

Неговата популарност овој месец падна на 64 насто, во однос на мај кога имаше 80 проценти.

Според предлог законот, се предвидува подигнување на старосната граница за заминување во пензија на 63 години за жените и на 65 години за мажите.

Сега старосната граница е 55 години за жените и 60 за мажите.

Ова би била прва промена на старосната граница во изминативе 90 години.

„Промените во старосната граница за пензионирање ќе бидат воведени постепено, почнувајќи од идната година“, рече премиерот Дмитриј Медведев кога го презентираше ден пред Светското фудбалско првенство што се одржа во Русија.

Властите велат дека мерката треба да помогне да се зголеми просечната пензија во Русија, која сега изнесува околу 14.400 рубли, односно околу 230 американски долари.

XS
SM
MD
LG