Достапни линкови

Нови хакерски трендови на Фејсбук и Твитер


На Фејсбук и Твитер владее нова хакерска фаза
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:23 0:00

На Фејсбук и Твитер владее нова хакерска фаза

На социјалните мрежи се повеќе се забележуваат нови трендови на хакирање и политичко пропагирање. Гугл вчера соопшти дека оневозможи десетици Јутјуб канали поради ширање иранска пропаганда. Претходно, Фејсбук и Твитер забранија стотици постови, сметки и веб страници вклучени во, како што се наведува, погрешно политичко однесување.

Пред акцијата на Гугул, деновиве Фејсбук и Твитер отстранија лажни постови поврзани со Иран.

Ова, како што оценуваат експертите, покажува дека освен Русија сега и Иран спроведува несоодветна кампања за политичко влијание на социјалните медиуми.

Меѓу над 650 страници за кој Фејсбук оваа недела објави дека ги отстрани, има и такви кои ги сквернават например: севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, американскиот претседател Доналд Трамп, Брегзитот и мигрантите.

Сузан Етлингер, „хајтек“ аналитичарка, вели дека видовите прашања со кои овие лажни сметки се надеваат дека ќе влијаат врз светските настани, покажуваат оти активностите влегоа во нова фаза.

„Фејсбук откри стотици неавтентични, она што тие ги нарекуваат неавтентични страници, кои сега се отстранети од страницата. Она што е малку поинакво во врска со ова е дека овие страници се чини дека се фокусирани врз глобалната политика, а не само врз внатрешната политика на САД. И тие имаат врски со Русија и Иран, а тоа што сега ни се покажува е дека Фејсбук и Твитер и некои од овие други платформи потенцијално се место за кампањи со дезинформации за да влијаат врз се на глобалната сцена. Сега оваа фаза е во игра“.

Таа додава дека компаниите за социјални медиуми како Фејсбук и Твитер имаат начини да утврдат дали сметката е автентична, вклучувајќи двојна проверка на телефонските броеви и пораките поврзани со сметката.

„Фејсбук и Твитер беа прилично бавни во преземањето акција за многу од овие проблеми и мислам дека можам да сфатам зошто е тоа така, знаете: „Кој сме ние да го направиме ова? Кој сме ние да судиме?“ Сепак, и двете имаат начини да дознаат што е автентично, а што не е автентично“.

Веднаш по ова соопштение на Фекјбук Европската унија најави дека планира да наметне построги регулативи за компаниите од социјалните медиуми во врска со отстранувањето на екстремистичките содржини на интернет.

Во новиот нацрт пакет на прописи се наведува дека платформите за социјални медиуми, вклучувајќи ги Фејсбук, Јутјуб и Твитер, ќе треба да ги отстранат постојните постови поврзани со екстремизам во рок од еден час од објавувањето, или платформите ќе бидат казнети.

Европската унија не е задоволна од бавниот напредок на технолошките компании во борбата против интернет-содржините поврзани со тероризмот.

Новите правила се вклучени во новите нацрт-прописи кои ќе бидат објавени во следниот месец, а потоа ќе им бидат доставени на одобрување на земјите-членки на Европската унија.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG